НАЈНОВА АНАЛИЗА: ЛЕТОТО НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ОТКАЖЕ!

Почитувани граѓани најновите анализи направени вечерва уакуваат на тоа дека и покрај овие подпросечни температури на воздухот и значително посвежото време сепак летото и понатаму нема намера да се откаже што значи дека пред нас е долг период на стабилно, суво и се потопло време без врнежи.

Гледано одсега нов топол бран од северните предели на Африка кај нас треба да продре некаде за време на викендот кој ни доаѓа што значи лубителите на летото и на плажирањето сеуште ќе имаат можност да уживаат.

Детална анализа околу ова наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТУВАН ВО СКОПЈЕ!

Слаб земјотрес со интензитет од 2.2 степени според Рихтер во текот на денешното утро е почувствуван во Скопје. Епицентарот на овој земјотрес се наоѓа во 16 километри северозападно од Скопје и истиот се наоѓа на 2 километри длабочина.

Што се однесува до нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: ЌЕ ИМА ВИСТИНСКО (ЕСЕНСКИ) УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

Поради разведрувањето кое се очекува од оваа ноќ и поради северниот ветер температурите на воздухот МНОГУ ЌЕ ОПАДНАТ и во следните неколку дена минималните на повеќе места ќе се спуштат до околу 10 степени, локално дури и под 10 степени додека на повисоките места и на планините истите ќе се спуштат и под 5 степени што значи дела утринските температури ќе бидат под просекот и типично есенски.

И покрај ова во текот на денот ќе биде пријатно топло со максимални температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени и овие максимални температури ќе бидат околу просекот за овој дел од годината (нормални).

Сепак ќе започне период на стабилно, сончево и суво време без врнежи.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПО ДОЖДОТ: НАЈАВА ЗА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР!

По нестабилноста поврзана со фронталниот систем кој изминатата ноќ од северозапад помина над нашата територија следува северен ветер и дополнителе пад на температурите на воздухот и тоа поради разведрувањето кое се очекува во текот на ноќта која ни претстои.

Сепак да напоменеме дека попладнево сеуште ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи претежно во западните и источните предели. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец додека на другите места ветерот ќе биде со послаб интензитет.

Утре (22.08.2017) наутре минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 8 до 16 степени додека во среда наутро ќе биде уште посвежо па така минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 7 до 16 степени па така доколку излегувате рано наутро со себе понесете си малку потопла облека.

Максималните температури во следните два дена ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени утре (вторник) додека во среда истите ќе се искачат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ