ФРОНТАЛЕН СИСТЕМ: ПОРОЕН ДОЖД, ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА И УСЛОВИ ЗА ГРАД!

Во текот на оваа ноќ како и утре (21.08.2017) времето во државава поради фронталниот систем од северозапад кој ја зафаќа нашата територија времето ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за локална појава на град. Локално ќе наврне и поголемо количество на воден талог за време на нестабилноста.

Температурите на воздухот значително ќе опаднат (за околу 10тина степени за краток временски период) што значи државава во следните часови ја очекува вистинско освежување од пеколните горештини.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСКЛУЗИВНО: НЕВРЕМЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН (20.08.2017) (ФОТО)

Нестабилноста и олујниот систем кој го зафати оваа вечер Скопскиот регион вака изгледаше:

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЗАПОЧНА НЕСТАБИЛНОСТА: НЕВРЕМЕ ЗАПАДНО ОД СКОПСКО!

Во овие вечерни часови поинтензивен развој на нестабилност има западно од Скопската котлина и оваа облачност моментално со себе носи пороен дожд, елкектрични празнења и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за град. Понатаму во Скопската котлина ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не с еисклучува можноста и за редок град.

Нестабилноста се движи во правец од западн кон исток. Инаку оваа ноќ оваа нестабилност ќе се прочири и во другите предели па локално и на другите места ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветер алокално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со електрични празнења и услови за град.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

АНАЛИЗА: СЕ ОЧЕКУВА ПРОДОР НА ФРОНТАЛНИОТ СИСТЕМ ОД СЕВЕРОЗАПАД!

Поради многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка сеуште времето во нашата држава во овие рани вечерни часови е МНОГУ ТОПЛО , спарно и тешко меѓутоа постепено од северозапад ќе започне да продира значително посвежа воздушна маса.

Токму ова ќе предизвика дестабилизирање на атмосферата кај нас и тоа поради судирот на две воздушни маси ( значително посвежата која се спушт аод северозапад и многу топлата која се наоѓа над нашите краишта).

Во текот на претстојната ноќ како и утре времето ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со електрични празнења и услови за град.

Во текот на оваа ноќ исто така ќе започне да дува засилен северен ветер особено Долж Повардарието со што ќе започне значителниот пад на температурите и истите до утре (понеделник) ќе опаднат за дури околу 10тина степени и максимумот на тењмпературите утре ќе се искачи во интервалот од 22 до 30 степени додека на повисоките места и на планините ќе биде значително посвежо.

НАПОМЕНА: Нестабилноста најпрвин ќе започне во северната половина на државава а подоцна во текот на оваа ноќ ќе се спушта кон јужната половина.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА!

 

Поради наглата промена на времето и поради судирот на две воздушни маси (топлата и студената) нашата држава влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.

Во текот на ноќта која ни претстои како и утре времето ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Нестабилноста најпрвин ќе започне во северната половина на земјава и тоа веќе од доцна попладнево и во вечерните часови и полека ќе се спушта кон јужната половина.

Локално можно е процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и за време на нестабилноста да наврне поголемо количество надожд проследено со електрични празнења и услови за појава на град. Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер особено Долж Повардарието со што ќе започне и наглиот пад на температурите (за околу 10тина степени) и максимумот на температурата утре (понеделник) ќе се искачи во интервалот од 22 до 30 степени додека на повисоките места и планините ќе биде значително посвежо.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАДВОР ПЕКОЛ: СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка до крајот на денешниот ден ќе се задржи претежно стабилно и МНОГУ ТОПЛО време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Меѓутоа денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) поради продор на многу посвежа воздушна маса од север кооја ќе се судри со многу топлиот воздух кој се наоѓа над нас ќе предизвика дестабилизирање на атмосферата односно ќе има зголемување на облачноста и ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е локално процесите да бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ со услови за град.

Нестабилноста ќе започне од северната половина на државата и полека ќе се спушта кон југ. Ќе започне да дува северен ветер кој Долж Повардарието ќе засилува и ќе биде со засилен интанзитет и токму со ова ќе започне наглиот пад на температурите и веќе до утре истите ќе опаднат дури за околу 10тина степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ