БАЛКАНОТ ПРЕД СТУДЕН ФРОНТ И НЕВРЕМЕ!

Во овој момент студениот фронт веќе е многу блиску до северен Балкан и токму на овие места поради овој студен воздух и топлиот воздух кој сега се наоѓа над овие краишта се очекува развој на нестабилност и олујни системи па во делови од Словенија, Хрватска и северен Јадран вечерва можно е и НЕВРЕМЕ со интензивни врнежи, силни грмежи, силен ветер и град па граѓаните се советуваат многу да внимаваат во случај на вакво невреме.

Студениот фронт до утре изутрина ќе стугне некаде до Босна а до утревечер ќе пристигне и кај нас и ќе предизвика локална нестабилност со пороен дожд и грмежи а со северниот ветер кој ќе започне да дува ќе има и значителен пад на температурите на воздухот.

Нови и обновени прогнози околу временската состојба кај нас следуваат наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ МОМЕНТАЛНО СЕ НАОЃА СТУДЕНИОТ АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ

Студениот атмосферски фронт кој го најавивме уште пред неколку денови од централните предели на Европскиот континент полека се приближува кон Јадранот и Балканскиот Полуостров па тогкму на овие места ќе има вложување на времето.

Како ќе изминува денешниот ден и за време на претстојната ноќ полека овој фронт ќе се спушта и кон јужните предели на Балканот па кај нас ќе пристигне утре (недела) навечер па така во текот на утрешната вечер и во текот на ноќта кон денот понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а како ќе поминува фронтот над нас така ќе започнува да дува и ветерот од северен правец кој постепено ќе добива на интензитет и истиот ќе предизвика позначително намалување на температурите на воздухот па така до понеделник истите ќе опаднат дури за околу 10тина степени во одност на оние кои ги имаме сега.

Детална и по потреба обновена анализа околу овој бран следува до крајот на денешниот ден.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ТЕШКО И МАЧНО ВРЕМЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ!

Зголемената влажност во воздухот која најмногу ќе ја имаме во текот на вечерните и ноќни часови до недела ќе условува тешко, мачно и спарно време за граѓаните.

Сето ова е поврзано со многу топлата воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од северна Африка.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат некаде од 30 до 37 степени но поради влажноста на воздухот која ја споменавме истите ќе се исеќаат како да се повисоки од реално измерените и граѓаните ќе имаат осеќај дека е многу потопло.

Нова и обновена прогноз аоколу најавената промена на времето во недела навечер следува наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!

За време на овој викенд поточно до утре доцна попладне и навечер под влијание на многу топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка останува многу топло време со високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени додека времето ќе биде сончево со умерена локална облачност претежно во попладневните часови.

Поради продор на значително посвежа воздушна маса од северните географски широчини утре (недела) навечер и во текот на ноќта кон денот понеделник локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе започне да дува северен ветер со што ќе започне и позначителниот пад на температурите на воздухот.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ