ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ОКОЛУ 10 СТАПЕНИ – ДОАЃА НОВО ОСВЕЖУВАЊЕ!

Во недела (20.08.2017) доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон денот понеделник поради продор на значително постудена воздушна маса од север облачноста ќе се зголеми и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во понеделник (21.08.2017) значително посвежо со засилен северен ветер на повеќе места а времето ќе биде променливо со сончеви периоди но и со локален дожд и услови за ретки грмежи.

Северниот ветер со засилен интензитет ќе продолжи и во денот вторник но ќе има стабилизација и разведрување на времето.

Максимумот на температурите во понеделник ќе се искачат во интервалот од 22 до 30 степени додека во вторник истите ќе се искачат во интервалот од 21 до 29 степени. Преќу ноќите и наутро тие денови ќе биде значително посвежо.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ