НОВА И ОБНОВЕНА ПРОГНОЗА: ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ПОГОЛЕМО ОСВЕЖУВАЊЕ!

Како што најавивме во недела навечер како и во текот на ноќта кон понеделник поради продор на значително посвежа воздушна маса од север облачноста ќе се зголемувава и ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално не се исклучува можноста и за град.

Максималната температура во недела ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени.

Во понеделник температурите ќе бидат пониски дури за околу 10тина степени во однос на оние кои ќе ги имаме во недела и ќе се искачат во интервалот од 22 до 29 степени а времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо со засилен северен ветер на повеќе места но и со локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ