БИОМЕТЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИМПТОМИТЕ КОЈ ЌЕ ГИ ИМАТЕ ПРЕД ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека од недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник следува позначителна промена на времето односно локална нестабилност, северен ветер и поголемо освежување на времетобиометеоролошките услови ќе бидат НЕПОВОЛНИ однсно кај Метеопатите ќе се јават поголеми тегоби односно: Главоболки, болки во коските и на местата на старите рани, несоница, повремена нервоза и тешкотии на телото. Освен кај Метеопатите вакви симптоми може да се јават и кај дел од осетливите граѓани на временските промени.

Сите граѓани кој ќе осетат вакви тегоби се советуваат да се обратат кај својот лекар за совет.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ОКОЛУ 10 СТАПЕНИ – ДОАЃА НОВО ОСВЕЖУВАЊЕ!

Во недела (20.08.2017) доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон денот понеделник поради продор на значително постудена воздушна маса од север облачноста ќе се зголеми и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во понеделник (21.08.2017) значително посвежо со засилен северен ветер на повеќе места а времето ќе биде променливо со сончеви периоди но и со локален дожд и услови за ретки грмежи.

Северниот ветер со засилен интензитет ќе продолжи и во денот вторник но ќе има стабилизација и разведрување на времето.

Максимумот на температурите во понеделник ќе се искачат во интервалот од 22 до 30 степени додека во вторник истите ќе се искачат во интервалот од 21 до 29 степени. Преќу ноќите и наутро тие денови ќе биде значително посвежо.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

НОВА И ОБНОВЕНА ПРОГНОЗА: ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ПОГОЛЕМО ОСВЕЖУВАЊЕ!

Како што најавивме во недела навечер како и во текот на ноќта кон понеделник поради продор на значително посвежа воздушна маса од север облачноста ќе се зголемувава и ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално не се исклучува можноста и за град.

Максималната температура во недела ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени.

Во понеделник температурите ќе бидат пониски дури за околу 10тина степени во однос на оние кои ќе ги имаме во недела и ќе се искачат во интервалот од 22 до 29 степени а времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо со засилен северен ветер на повеќе места но и со локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ПРЕД ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО

Пред најавената промена на временската состојба кај нас односно некаде до недела доцна попладне под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка ќе се задржи многу топлото време со високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени што значи истите нема да бидат екстремно високи.

Времето ќе биде сончево а особено во попладневните часови ќе има умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Нова и обновена прогноза околу најавената промена на времето која ќе пристигне кај нас недела доцна попладне и навечер следува наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ