ЗАСТРАШУВАЧКО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

Неодамна односно на 10 август во северна Италија се случуваше нешто многу страшно. Се работи за интензивни расвои на олујни системи кој на повеќе места предизвикаа застрашувачно невреме, многу дожд, силни грмежи, силен ветер и град како и локални поплави.

Следното застрашувачко видео од невремето доаѓа од местото Camerlona:

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2066134263609664/

Освен на ова места застрашувачко невреме пустошеше и во Венеција.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека во недела доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нагла промена на временската состојба кај нас ќе има и влошување на биуметеоролошките услови со што кај Метеопатите ќе се појават тегоби односно болки во коските и на местата на старите рани, повремена нервоза, несоница и главоболка како и потешкотии.

Освен кај Метеопатите вакви симптоми можно е да се појават и кај другите граѓани но секако со послаб интензитет затоа што сепак се работи за ПОГОЛЕМА промена на времето за само една ноќ па така до понеделник температурите на воздухот ќе опаднат некаде за околу 10 степени во споредна со сегашните и тоа поради спуштање на позначително посвежа воздушна маса од север.

Се советуваат граѓаните посебно оние коии имаат проблеми со промените на времето доколку се јават некој сериозни и поголеми симптоми веднаш да се јават кај својот лекар за совети.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ДОАЃА ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Во недела доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон понеделник поради продор на значително посвежа воздушна маса од север ќе започне да дува северен ветер а облачност аќе се зголемува и ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд и грмежи а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните температури на воздухот во недела сеуште ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачат во интервалот од 30 до 38 степени додека од вечерните часови со северниот ветер ќе започне значително да опаѓа.

Во понеделник (21.08.2017) особено во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и услови за грмежи а на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец додека максималната температура на возудхот ќе се искачи во интервалот само од 21 до 29 степени што значи за само една ноќ температурите ќе паднат дури за околу 10 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА ВРЕМЕТО!

По овој Африкански но не екстремно топол бран следува ПОГОЛЕМА промена на времето и тоа поточно во недела доцна попладне и навечер и според моменталните анализи повеќе ќе налоикува на ЕСЕНСКИ бран со ПОГОЛЕМ пад на температурите, врнежи, грмежи и услови за локална појава на град.

ДЕТАЛИ ВЕЧЕРВА!

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО! До сабота ова не очекува

До сабота под влијание на значително потопла воздушна маса која профира од северните предели на Африка во државава ќе имаме многу топло и сончево време со умерена локална облачност додека денес попладне ќе има услови за само изолирана појава на краткотрајна нестабилност.

И понатаму ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој на некои места повремено ќе биде со засилен интанзитет додека во сабота ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени што значи за време на овој топол бран температурите нема да бидат претерано високи како предходниот тропски бран кој ја зафати нашата држава но и целиот Балкански Полуостров.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ