ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД: РЕГИСТРИРАНИ НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА!

Во изминатите два дена по подолг временски период во југозападна Македонија се случија нови слаби земјотреси, се работи за два земјотреси со интензитет од 2.2 степени и 2.1 степен според Рихтер.

Епицентрите на овие два земјотреси се наоѓаат во Охридско.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПЕТОК И САБОТА АФРИКАНСКИ БРАН!

Под влијание на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка во петок и во сабота ќе биде МНОГУ ТОПЛО со малкимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени додека особено во попладневните часови ќе има умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер во петок од североисточен а во сабота од променлив правец.

Само да потсетиме дека денес (17.08.2017) во попладневните часови особено во северозападните и во западните предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ВРЕМЕТО УТРЕ (ЧЕТВРТОК)

Во текот на утрешниот ден (17.08.2017) времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена облачност додека во попладневните часови повторно ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен праве цкој повторно во попладневните часови Долж Повардарието и во источните предели ќе се засилува по интанзитет.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО!

До крајот на денешниов ден (16.08.2017) ќе има умерена облачност а особено во северните и во северозападните предели ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за сосема редок град иако шансите за него не се големи.

Ќе дува слаб до умерен додека попладне Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од североисточен правец додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ