СТРАШНО: ОПАСНИ СУПЕРЌЛИИ ЗА ВРЕМЕ НА СУДИРОТ НА ТОПОЛ И СТУДЕН ВОЗДУХ!

Пред заладувањето односно за време на судирот на многу постудена воздушна маса од север и тропскиот бран од Африка во Полска дојде до страшни олујни системи и страшни суперќелии а тоа можете да го погледнете на седното видео:

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2065248020364955/

Ова видео од оваа страшна суперќелија доаѓа од Boguszyn Полска а е направено на 11ти август.

 

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ТОЧНО ЌЕ ИМА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ!

Во текот на утрешниот ден (16.08.2017) во државава времето во претпладневните часови ќе биде сончево и топло додека во попладневните часови ќе има умерена облачно додека локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за само редок град. Ваквите процеси повеќе се можни во планинските предели и на тие населени места кои се наоѓаат во ближина на планините.

Ќе дува слаб до умерен додека Долж Повардарието и на исток особено попладне повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСКЛУЗИВНО: СПЕКТАКУЛАРЕН МЕТЕОРСКИ ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА!

Почитувани граѓани за време на изминатиот викенд уште еднаш бевме сведоци на спектакуларниот метеоркси дожд во Македонија. Инаку овој метеорски дожд се случува секоја година и тоа во летниот период односно во месец август.

Нашиот фотограф од Охрид Стојан Стојановски за време на метеорскиот дожд направи прекрасни фотографии па погледнете ги во продолжение:

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА!

До крајот на оваа недела особено од петок па се до недела поради продор на нов топол бран од северните предели на Африка повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст но сепак нема да бидат претерано високи како изминатиот тропски бран и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Гледано одсега и според моменталните анализи со кој располагаме честврток ни носи само изолирана појава на краткотрајна нестабилност додека петок и сабота стабилно а во недела ново дестабилизирање на времето но сепак за ова ќе треба да причекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.

За нови и детални анализи околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО (НАЈНОВА): ТОПЛО НО И ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ!

До крајот на овој ден (15.08.2017) ќе има умерена локална облачност а локално во планинските предели не се исклучува можноста за сосема краткотраен дожд и ретки грмежи а ќе дува и слаб до умере, локално и умерен северен ветер.

Утре (16.08.2017) во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град. Ќе дува умерен а Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ