АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Погледнете какво време ни носи денот понеделник!

Во текот на утрешниот ден (14.08.2017) времето во државава ќе биде сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со умерен, на некои места особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Наутро ќе биде многу посвежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштат во интервалот од 10 до 18 степени додека на југоисток ќе останат до околу 20 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 25 до 34 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ДРАСТИЧЕН ПАД: ДУРИ ЗА ОКОЛУ 15°C ПА И ПОВЕЌЕ ПОНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОВАА ВЕЧЕР!

За разлика од изминатите вечери и ноќи кога имавме тропски температури на воздухот и неподнослива спарина оваа неделна вечер поради продорот на многу посвежа воздушна маса од северните географски широчини имаме далеку посвежо време со драстичен пад на температурите и истите се под просекот.

Температурите кои ги имаме вечерва се пониски за некаде 15°C па дури и повеќе што е драстичен пад на истите и речиси насекаде се под 20°C оваа вечер со исклучок на југоистокот а насвежо е во крив апаланка со моментална температура од само 12°C.

Температурите во Македонија измерени оваа вечер можете да ги погледнете на следната карта:

Во изминатите 24 часа во Скопје наврнаа дури 28 л/м2 дожд, потоа Крива Паланка 10 л/м2 и Виница, Тетово и Берово по 8 л/м2 а на другите места врнежите беа помали или пак изостанале (ги немало).

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

СТУДЕН БРАН: НАЈАВА ЗА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

Во текот на претстојната ноќ како и во текот на утрешното утро поради разведрувањето ќе има дополнителен пад на температурите на воздухот и ќе биде значително свежо па така до утре изутрина минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 10 до 18 степени додека на високите места и планини истите се очекува да се спуштат дури и под 10 степени или поточно до околу 5 степени а на високите планински врвови и пониско.

Сето ова е поради влијанието на значително постудената воздушна мас акоја се спушта од северните географски широчини.

Сепак утрешниот понеделнички ден (14.08.2017) ни носи стабилно, суво и потопло време односно времето ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност но сеуште ќе дува умерен, на некои места засилен северен ветер кој ќе биде најисразен Долж Повардарието додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 33 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ИСКРШЕНИ ГРАНКИ, СИЛЕН ДОЖД, ВЕТЕР И СИЛНИ ГРМЕЖИ (ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ)

Изминатата ноќ Скопскиот регион беше зафатен од поизразена нестабилност која започна уште од вчерашната вечер и истата предизвика локални поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер а имаше и локална појава на град.

Силниот ветер кој започна да дува од вчера вечер предизвика паднати дрвја на одредени места но за среќа барем засега нема пријавено проблеми. Исто така синоќа и Кумановскиот регион беше зафатен од врнежи и силни грмежи со што дојде до прекин на електричната енергија.

Нестабилноста се движеше кон источните и југоисточните предели па локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер имаше и во овие предели со што дојде и до голем пад на температурите и до нагло освежување на времето.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

КОНЕЧНО СЕ ДИШЕ: ГОЛЕМАТА ПРОМЕНА ПРИСТИГНА! (АНАЛИЗА)

Како што веќе и најавивме во текот на изминатата ноќ во источната половина на државава како и во Скопско беше нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално процесите беа ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со електрични празнења и град.

Денес од север веќе се спушти и значително постудената воздушна маса па така температурите на воздухот се многу пониски за разлика од изминатите денови и истите се пониски дури за повеќе од 10 степени.

Денес ќе продолжи да дува засилен северен ветер на повеќе места и ќе биде свежо и променливо со локален дожд и услови за ретки грмежи додека максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот само од 19 до 27 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ