ВИСТИНСКА ЗИМА: ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО ЕВРОПА!

Како што и веќе најавивме денес изутрина многу предели на Европските алпи осамнаа под снежна покривка каде владее вистинска зима а температурите се спуштија во минус.

Локално снежната покривка веќе изнесува до околу 30 сантиметри а понатаму истата се очекува да порасне дури до околу па и над 40 сантиметри. Поточно снег паѓа на Германските, Француските и Италијанските алпи.

Сето ова е поради продорот на многу постуден воздух кон Европа од северните географски широчини а на овие места ситуацијата е идеална за скијање.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фесјбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!

Од утре (12.08.2017) поточно во доцните попладневни и вечерни часови како и во текот на ноќта кон недела поради продор на значително посвежа воздушна маса од северните географски широчини во Македонија ќе има значително дестабилизирање на атмосферата и тоа поради судирот на две воздушни маси (топла и студена).

Поради ова времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер а локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и град а поради ваквата состојба не се исклучува можноста за локални и поројни поплави.

Утре (сабота) во текот на денот сеуште ќе биде многу топли а ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец додека максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 30 до 39 степени а во текот на ноќта кон недела ќе започне да дува засилен северен ветер на повеќе места со што ќе започне брзиот и ГОЛЕМ пад на температурите и истите за краток временски период ќе опаднат дури за околу 15 степени.

Во недела променливо, значително посвежо со засилен северен ветер на повеќе места а сеуште ќе има послаби локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи додека максимумот на температурите во недеча ќе се искачи во интервалот само од 20 до 27 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА ГРАЃАНИТЕ СЕ СОВЕТУВААТ ДА НЕ ПРЕТСТОЈУВААТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА И ДА ИЗБЕГНУВААТ РАЗГОВОР НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОКОЛКУ СЕ НАДВОР А ОВЧАРИТЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ СТАДА ОДНОСНО ДА ГИ ДЕЛАТ ВО ПОМАЛИ ГРУПИ.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ