ПО ЕКСТРЕМНИОТ ТРОПСКИ БРАН: СТУДЕН БРАН И ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА ЕВРОПСКИТЕ АЛПИ!

По ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој зафаќа голем дел од Европскиот Континент од утре (10.08.2017) па до крајот на оваа недела од север кон Европа и Балканот ќе започне да се спушта значително постуден воздух кој најпрвин ќе ги зафати деловите од централна Европа па потоа ќе се спушта према Апенинскиот и Балканскиот Полуостров.

Судирот на две воздушни маси (топла и студена0 ќе услови дестабилизирање на атмосферата на повеќе места а со поминување на овој студен бран над Алпите ќе предизвика ИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи па до викендот кој доаѓа локално се очекува да наврнат дури околу 30 цм снег а температурите на овие места многу ќе се намалат и ќе паднат под нулата.

Значително освежување на времето кај на сочекуваме во сабота навечер кон недела кога ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ но за ова детална анализа ќе има наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЦЕЛ РЕГИОН ВО ЦРВЕНО! ОПАСЕН ТРОПСКИ БРАН!

Поради ЕКСТРЕМНИОТ ТРОПСКИ бран целата територија на Македонија се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА АЛЕРТНА ФАЗА додека цел регион се наоѓа дури во ЦРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.

Очекуваните температури за во следните неколку денови (пред најавеното заладување) се на многу места нд 40 степени под сенка додека на сонце истите се многу повисоки и локално како во региот така и во Македонија ќе достигнуваат до околу 55 па дури и до 60 степени.

Старите и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат од дома во најтоплиот дел од денот додека оние помладите кои се лубители на прошетки со себе задилжително да понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСТРЕМЕН ПЕКОЛ: ИЗДРЖЕТЕ ДО САБОТА!

До сабота територијата на Македонија ќе биде под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели од Африка и која ќе услови сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО време со умерена локална облачност во попладневните часови. Денес попладне особено во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за редок град.

До сабота максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен под сенка додека на сонце истите ќе бидат МНОГУ ПОВИСОКИ.

Сабота доцна попладне и во текот на ноќта кон недела ОСВЕЖУВАЊЕ и локално НЕВРЕМЕ а детална анализ аоколу ова очекувајте наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ