ЗА ВИКЕНДОТ: ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР, ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ И ПОГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

За време на викендот кој доаѓа поточно во сабота сеуште поради влијанието на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ Африкаснки бран времето ќе се заджи ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со макимум на температурите од 29 до 40 степени додека локално особено во најтоплиоте региони на државава на сонце температурите ќе бидат МНОГУ ПОВИСОКИ.

Преку денот во сабота времето ќе биде сончево меѓутоа во вечерните часови како и во текот на ноќта кон недела поради продор на значително посвежа воздушна маса од север ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за град.

Во сабота во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец додека во вечерните и ноќните часови кон недела ветерот ќе го промени правецот во северен со што ќе започне значителниот пад на температурите.

Во недела наутро сеуште ќе има услови за слаб локален дожд додека во текот на денот времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачно и со засилен северен ветер.

Во недела температурите на воздухот ќе бидат значително пониски како што и предходно кажавме и истите ќе се искачат во интервалот од 23 до 31 степен.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВЕЧЕРВА НЕВРЕМЕ СО ГРАД ГО ЗАФАТИ КИЧЕВСКИОТ РЕГИОН!

Како што веќе и најавивме за денес дека на изолираните места поточно на оние места кои се блиску до планините ќе биде нестабилно тоа и се случи.

Вечерва Кичевскиот регион беше зафатен од влажна и нестабилна воздушна маса па токму ова услови нестабилно облачно време со краткотраен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер а локално процесите беа застапени и во форма на невреме со град.

Понатаму во овој регион сеуште ќе има услови за нестабилност.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСТРЕМНИОТ ТОПОЛ БРАН ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА! (АНАЛИЗА)

Пеколниот бран кој што подолг период ја има зафатено Македонија но и целиот Балкан ќе се интензивира во четврток и во петок кога ќе биде НАЈТОПЛО па тогаш максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 34 до 42 степени под сенка додека на сонце локално температурите особено во најтоплите региони ќе се искачуваат до околу или над 55 степени па дури до 60 степени.

Времето ќе биде претежно сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со умерена локална облачност претежно во попладневните часови. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец кој ќе биде увод за промена на времето во сабота ноќта кон недела но детална анализа околу ова наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ЕКСТРЕМОТ ОД АФРИКАНСКИ БРАН ПРОДОЛЖУВА!

Екстремот од Африкански бран продолжува и во следните денови па така времето ќе биде сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со умерена локална облачност особено во попладневните часови а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Денес и утре (среда) во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Како што и најавивме денес и утре (среда) температурите на воздухот ќе бидат само за 2 до 3 степени пониски што нема тоа воопшто да се осети и истите ќе се искачат во интервалот од 31 до 39 степени додека во четврток и во петок следува нов пораст на температурите кога ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени. Овој нов пораст на температурите ќе го рачунаме како нов продор на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран.

Да напоменеме дека овие температури се мерат под сенка додека на сонце истите се МНОГУ ПОВИСОКИ и локално се искачуваат и ќе се искачуваат до околу па и над 55 степени.

Освежување на времето ќе има за време на викендот но детална анализа околу ова наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ