ВО ЖИВО СЛЕДЕЊЕ: ОЛУЈНИ СИСТЕМИ СЕ РАЗВИВААТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Ова попладне Атмосферата како шо и најавивме се дестабилизира па најпрвин околу Солунска Глава па потоа во Беровско, во близина на Крива Паланка, во близина на Неготино и Кавадарци и во Виничко имаше развој на нестабилност проследена со локална појава на краткотраен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град (локално).

Понатаму во вечерните часови сеуште ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град (локално).

И покрај ова продолжува ЕКСТРЕМНОТО ТОПЛО и МАЧНО (СПАРНО) време.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВО МАКЕДОНИЈА НА СОНЦЕ ИЗМЕРЕНИ РЕКОРДНИ 62°C!

Денес (07.08.2017) е измерена РЕКОРДНО ВИСОКА температура на воздухот на сонце и тоа во Скопје каде денес се измерени дури 62°C.

Инаку ние уште пред да започне овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ Африкански бран најавивме дека на сонце ќе се мерат вакви ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот.

Пеколното време ќе продолжи и во најголемиот дел од оваа недела па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Исто така да напоменеме дека доцна попладне и во вечерните часови денес локално е можно НЕВРЕМЕ со град.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСТРЕМНА ТОПЛИНА: БИОМЕТЕО НА СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Почитувани граѓани поради ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА која е поради силниот Африкански бран кој продира во нашата држава кај граѓаните ќе се појавуваат мачнини, тина а можна е и главоболка и тоа поради пеколното време.

Во вечерните часови како и во текот на ноќите дел од граѓаните ќе имаат проблеми со спиењето и не ќе можат мирно да спијат поради спарината која ќе се појавува и тоа поради високата влажност во воздухот во текот на ноќите.

Старите и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат во најтоплиот дел од денот а оние помладите доколку излегуваат со себе да понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и секако да се освежуваат и да пијат многу течности. Работниците особено оние кои работат на сонце да паузираат овие денови.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ЕКСТРЕМЕН ПЕКОЛ НО И УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! (НАЈНОВА АНАЛИЗА)

До крајот на денешниот ден (07.08.2017) во државава времето во државава ќе биде сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО попладне и во вечерните часови со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој доцна попладне и навечер локално ќе се засилува особено Долж Повардарието.

Доцна попладне и во вечерните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а поради загреаната атмосфера не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ со град.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 34 до 41 степен под сенка додека на сонце истите ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат до околу па дури и над 55 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА па и ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент некаде околу 10.

ПЕКОЛОТ ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НО СО ТОА ШТО УТРЕ И ВО СРЕДА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ САМО ЗА 2-3 СТЕПЕНИ ПОНИСКИ ОД СЕГАШНИТЕ А ПОТОА ПОВТОРНО ЌЕ БИДАТ ВО ПОРАСТ.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ