АНАЛИЗА: УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Покрај ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкаснки бран во текот на утрешниот ден (07.08.2017) во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а во ваква ситуација не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења и град.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен под сенка додека на сонце температурите ќе бидат многу повисоки и ќе се искачуваат до околу па дури и над 55 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА па и ЕКСТРЕМНА вреднос и ќе има коефициент од 9 до 10.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фесјбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВОНРЕДНО И ОПАСНО: ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА! ВО МАКЕДОНИЈА НА СОНЦЕ ИЗМЕРЕНИ 60°C!

Како што веќе и најавивме во Македонија се мерат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН кој продира од северните предели на Африка.

Овие денови во централните, во југоисточните, во јужните предели како и во Скопскиот регион температурите на сонце се искачуваат речиси до рекордни 60 степени.

Ова е многу лошо за здравјето на луѓето доколку се движат на сонце, особено лошо е за старите и изнемоштени лица па затоа во никој случај да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.

Според анализите со кој располагаме ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран ќе се задржи уште речици една недела а според моменталните анализи освежување на времето ќе има за време на следниот викенд но сепак околу ова сеуште детално ќе ја анализираме ситуацијата и доколку истата се официјализира навремено ќе бидете информирани од наша страна.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА па и ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има вредност од 9 до 10.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПРОДОЛЖУВА ВИСОКИОТ СТЕПЕН НА ОПАСНОСТ ОД ЕКСТРЕМНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН!

Екстремно високи температури на воздухот, МНОГУ ВИСОК па и ЕКСТРЕМЕН УВ ИНДЕКС со коефициент од околу 10 и голем број на шумски пожари. Ова е сликат овие денови во нашата држава а тоа е поради продорот на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран кој го зафаќа целиот Балкански Полуостров.

И понатаму ќе останеме во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА па така и понатаму има можност за појава на шумски пожари. Веќе напоменавме дека во новата недела во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а во ваква ситуација можно е и НЕВРЕМЕ со град.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО – ЕКСТРЕМ ОД ПЕКОЛ!

ЕКСТРЕМНИОТ ПЕКОЛ ќе продолжи и во најголемиот дел од неделата која ни претстои но со тоа што ќе има услови за локална нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а во ваква ситуација не се искалучува можноста и за НЕВРЕМЕ со град.

Температурите и понатаму ќе бидат КЕСТРЕМНО ВИСОКИ и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени под сенка додека на сонце истите ќе се искачуваат преку 55 степени а на некои места дури до околу 60 степени додека УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА па и ЕКСТРЕМНО висока вредност и ќе има вредност до околу 10.

Според моменталните анализи со кој располагаме ОСВЕЖУВАЊЕ на времето ќе има следниот викенд но околу тоа детално ќе ја анализираме ситуацијата исто така и пратиме па доколку ова се официјализира навремено ќе бидете ннформирани.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ