ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВО – МНОГУ ОПАСЕН ТРОПСКИ БРАН!

Поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран Македонија влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА. Ќе продолжи стабилното, сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО ВРЕМЕ.

Според моменталните достапни информации од понеделник ќе има услови во попладневните часови за изолирана нестабилност додека максимумот на температурите и понатаму ќе се искачува во интервалот од 35 до 42 степени (овие температури се мерат под сенка додека на сонце истите се многу повисоки и тоа некаде околу па дури и над 55 степени).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку не морате во најтоплиот дел од денот не излегувајте на сонце и пиејте многу течности но доколку излезете со себе да си понесете заштитна опрема односко капа и наочари за сонце.

Старите, изнемоштените и бремените жени во никој случај да не излегуваат на сонце во текот на денот.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПОКРАЈ ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА СЛЕДУВА И ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА!

Освен екстремно топлиот Африкански бран транспортот на прашина и песок од Сахара кој се очекува но и поголемата влажност во воздухот која ќе ја имаме во ноќните часови дополнително ќе ја влоши ситуацијата околу оваа настаната ситуација.

Токму поради ова ќе има појава на спарина особено во ноќните часови но и потешкотии кај граѓаните и проблеми со спиењето поради екстремната топлина и спарина која веќе е споменавме.

Според најновите анализи со кој располагаме екстремно топлиот Африкански бран ќе се задржи уште околу една недела.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВОНРЕДНО: ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА Е ОПАСЕН ПО ЖИВОТ!

Почитувани граѓани се работи за ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран со ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 35 степени додека понекаде и над 40 степени, во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до близу 45 степени.

Веќе напоменавме дека се работи за температури кои се мерат под сенка а на сонце истите се многу повисоки поточно се искачуваат дури до околу па и над 55 степени што е многу опасно за здравјето на луѓето. Дефинитивно се работи за топол бран кој е опасен по животот на граѓаните па затоа истите се советуваат во најтоплиот дел од денот да не излегуваат или пак доколку излегуваат со себе да си понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

Старите и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот период од денот. Исто така граѓаните се советуваат да примаат многу течности и да се освежуваат.

Да кажеме дека се работи за долготраен ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ Африкански бран кој ќе с езадржи до самиот крај на оваа но и во почетокот на наредната недела.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ