ТЛОТО НИКАКО НЕ СТИВНУВА: ВЕЧЕРВА МНОГУ НОВИ ПОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Вечерва нови четири земјотреси ја стресија Македонија и тоа три во југозападна и еден земјотрес во југоисточна Македонија. Трите земјотреси се со епицентар во Охридскиот регион додека четвртиот е со епицентар на 8 километри северозападно од Гевгелија.. Земјотресите се со јачина од 2 до 2.6 степени според Рихтеровата скала.

Овие денови во Македонија се регистрирани дури над 800 земјотреси.

ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ 45°C ПОД СЕНКА

Македонија е зафатена од ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ и сув воздушен бран од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка. Покрај тоа силното јужно и југозападно воздушно струење дополнително ја вложува ситуацијата околу овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран и истата предизвикува транспорт на прашина и песок од Сахара и заматена атмосфера. Секако проблем прави и влажноста која ја има во востухот и истата премногу високите температури ги прави како да се уште толку повисоки.

Максималните температури на воздухот денеска насекад ес еискачија над 35 степени додека во делови на јужна и југоисточна Македонија истите се искачија до околу 43, 44 степени.

Да напоменеме дека температурите на воздухот на сонцето се многу повисоки и истите се дури над 50 степени.

За нови и детални информации следтее го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

МАКЕДОНИЈА ГОРИ: ИЗМЕРЕНИ 43°C

Поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ воздушен бран кој продира од северните предели на Африка денес во Македонија се бележат ЕКСТРЕМНО високи температури на воздухот кој речиси насекаде го надминуваат 35°C.

Најтопло е во централните, јужните и во југоисточните предели па така оа попладне во Кавадарци се измерени дури 43°C. УВ зрачењето има ЕКСТРЕМНО висока вредност и е со коефициент некаде од 10 до 11.

ЕКСТРЕМНО топлиот и сув воздушен бран продолжува и утре па затоа бидете ПРЕТПАЗЛИВИ и ЗАШТИТУВАЈТЕ СЕ.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ГОЛЕМ ШУМСКИ ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО СТРУШКО

Уште од вчерашниот ден помеѓу селата Делогожда и Поум избувна голем шумски пожар кој зафаќа голем дел на борова шума и багрем. Уште од вчерашниот ден се активирани струшките пожарникари кој активно го гаснат големиот пожар а веќе денес активирани се и авионите за против пожарна заштита.

Се надеваме дека наскоро пожарот ќе биде ставен под контрола.

 

ТЕМПЕРАТУРИТЕ КОЈ ГИ ИМАМЕ СЕ ДАЛЕКУ НАД ПРОСЕКОТ (ТРОПСКИ БРАН)!

Температурите на воздухот кој ги имаме веќе се далеку над просекот и истите се повисоки некаде за околу 10 степени па и повеќе. Сето ова е поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој продира од северните предели на Африка додека дополнително влошување на оваа ситуација предизвикува влажноста во воздухот но и транспортот на прашина и песок од Сахара со што имаме доста спарно и мачно време.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ВНИМАНИЕ ДЕНЕС ПОРАДИ ЕКСТРЕМНАТА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА!

Под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ воздушен бран кој е со потекло од северните предели на Африка денес (30.06.2017) времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен, попладне локално и повремено засилен ветер од југозападен правец. Поради силното југозападно воздушно струење и натаму ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 35 до 42 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува од 10 до 11.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПИЕТЕ ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ, РАЗЛАДУВАЈТЕ СЕ И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СОНЦЕ ИЛИ ПАК ДОКОЛКУ ИЗЛЕГУВАТЕ СО СЕБЕ ПОНЕСЕТЕ СИ ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОДНОСНО КАПА И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВААТ ТРОПСКИ НОЌИ (ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН)

До самиот крај на неделава поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран територијата на државава ја очекуваат ТРОПСКИ НОЌИ кога минималните температурите на воздухот на повеќе места ќе се движат околу или над 20 степени и истите ќе бидат во интервал од 17 до 24 степени додека максималните температури ќе се искачат во интервал од 35 до 42 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА ВРЕДОСТ и ќе изнесува од 10 до 11.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПИЕТЕ ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ, РАЗЛАДУВАЈТЕ СЕ И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СОНЦЕ ИЛИ ПАК ДОКОЛКУ ИЗЛЕГУВАТЕ СО СЕБЕ ПОНЕСЕТЕ СИ ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОДНОСНО КАПА И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ ВЛАДЕАТ ВО ДРЖАВАВА!

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран кој беше најавен веќе започна па така во текот на денешниот ден температурите речиси насекаде се искачија над 35 степени. Поради силното југозападно воздушно струење веќе започна транспорт на прашина и песок од Сахара а тоа може да се запримети по веќе заматената атмосфера.

Проблем прави и влажноста која ја има во воздухот поради која се осеќа температурите како да се многу повисоки од реално измерените.

Овие се денешните температури измерени во државава:

Maximum temperature in 24h. 06/29/2017 at 12:00 UTC
(19 of 19 stations)
1 Skopje-Petrovec (Macedonia, The Republic of) 38.4 °C
2 Stip (Macedonia, The Republic of) 37.2 °C
3 Gevgelija (Macedonia, The Republic of) 37.0 °C
4 Bitola (Macedonia, The Republic of) 36.8 °C
5 Demir Kapija (Macedonia, The Republic of) 36.7 °C
6 Skopje-Zajceprid (Macedonia, The Republic of) 36.7 °C
7 Vinica-Pgc (Macedonia, The Republic of) 36.2 °C
8 Prilep (Macedonia, The Republic of) 35.5 °C
9 Topolcani-Pgc (Macedonia, The Republic of) 35.3 °C
10 Tetovo (Macedonia, The Republic of) 35.0 °C
11 Strumica (Macedonia, The Republic of) 34.8 °C
12 Ohrid (Macedonia, The Republic of) 34.4 °C
13 Ohrid-Aerodrome (Macedonia, The Republic of) 33.7 °C
14 Kriva Palanka (Macedonia, The Republic of) 33.6 °C
15 Pretor-Pgc (Macedonia, The Republic of) 33.0 °C
16 Gjuriste-Pgc (Macedonia, The Republic of) 32.6 °C
17 Berovo (Macedonia, The Republic of) 31.7 °C
18 Pozarane-Pgc (Macedonia, The Republic of) 31.3 °C
19 Lazaropole (Macedonia, The Republic of) 27.0 °C

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА

Од денес па се до крајот на оваа недела територијата на Македонија ќе биде во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој продира од северните предели на Африка. Температурите речиси насекаде ќе се искачат над 35 степени додека во централните и во југоисточните предели како и во Скопско истите ќе се искачат до 40 степени а понекаде дури и над 40 степени или поточно некад едо 42, 43 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува од 10 до 11.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПИЕТЕ ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ, РАЗЛАДУВАЈТЕ СЕ И ИЗБЕГНУВАЈТЕ ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СОНЦЕ ИЛИ ПАК ДОКОЛКУ ИЗЛЕГУВАТЕ СО СЕБЕ ПОНЕСЕТЕ СИ ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОДНОСНО КАПА И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

АНАЛИЗА НА ВЕТЕР: ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР СО УДАРИ ДО ОКОЛУ 80 КМ/ЧАС

Во текот на денешниот ден ќе започне да дува умерен до засилен, повремено особено во западните предели повремено силен ветер од југозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Токму поради ова ќе започне транспорт на прашина и песок од Сахара.

Оваа ситуација дополнително ќе ја влоши состојбата на граѓаните околу ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ Африкански бран.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ