УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Свети Наум – Охрид

Црквата е тука, на ова место и постои со векови. Ова е она на што треба да бидеме горди, ова е историјата која никој не може да ни ја оспори и одземе.

Црквата Света Богородица Захумска која меѓу местното население и пошироката јавност е позната само како Заум се наоѓа веднаш крај самиот источен брег на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Се наоѓа на оддалеченост од 20 км од Охрид, на брегот на езерото, во подножјето на планината Галичица и во непосредната близина на рибарското село Трпејца[1]. Сместена е во многу тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој (висок 1005 м.н.в.) веднаш непосредно на самиот брег до водите на Охридското Езеро на надморска височина од 695 метри. Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека пред црквата во непосредна близина на запад се наоѓа и местото со најдлабоката точка на Охридското Езеро. До црквата се стигнува само по воден пат со чамец. Во поново време за потребите на изградбата на манастирскиот конак е пробиена и пешачка патека долга околу 30ина минути која се искачува по гребенот и одејќи низ шумата се спушта до самото езеро, при што последните стотина метри мора да се пешачи во езерските води. Поради близината, црквата спаѓа во атарот на селото Трпејца, чии жители водат грижа за неа, а моментално и работат на изградба на конакот крај самиот храм.

Црквата е изградена е под еден рид кој вертикално се спушта до езерскиот брег, на место коешто е речиси недостапно од копното. Според зачуваниот натпис кој се наоѓа над влезната врата, црквата е подигната во 1299 година, а е насликана со фрескоживопис во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие.

ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=shPgaUHCHFc

 

УХМР: ХИДРОЛОШКА ИНФОРМАЦИЈА за состојба со мониторингот на Охридското Езеро

За анализа на хидролошките карактеристики на Охридското Езеро се користат податоци од водомерната станица во Охрид чија локацијата е во близина на Охридското пристаниште. Нејзината нула е поставена на кота 693,17m.
Апсолутно забележаниот максимум кај Охридското Езеро бил регистриран на 22 февруари 1963 година со H = 142cm, додека апсолутен забележан минимум H = -17cm (или кота 693.00 m), е регистриран на 29 октомври 1990 година. Апсолутната амплитуда изнесува 159cm. Дозволениот минимум на нивото на езерото е со водостој од H=-7 cm (или кота од 693.10 m).
Сосотојбата на водосотојот се следи со секојдневно мониторирање на промените на нивото во однос на водомерната летва (со набљудувач), но и дополнително со автоматскиот инструмент кој податоците ги доставува на интернет. За информација има поставен дисплеј во близина на станицата кој е новина во нашиот мониторинг систем и преставува новитет во начинот на информирање.
Во изминативе две недели се вршат проверки на квалитетот на мерењата како на дисплејот, така и на автоматската станица во споредба со измерениот од страна на нашиот набљудувач. Од проверките е установено дека нивото на водата презентирана на дисплејот е со разлика од 13 cm во однос на податоците од набљудувачот, имено денеска измерениот водостој од страна на набљудувачот изнесува -3 cm, а на панелот биле забележани -0,16 m. Во исто време ја бележиме и разликата на температурата на водата која измерена на станицата од страна на набљудувачот била 5.0 oC , а на дисплејот била околу 1 oC.
Поради овие разлики, следниве неколку дена, дисплејот ќе биде оставен да работи со надеж дека ќе може да се отклонат грешките во електрониката, а доколку тоа не можно истиот ќе биде привремено исклучен до негово детално сервисирање.
Поради контрола на водостојот, а и на температурата на водата, веќе утре во Охрид ќе биде испратена екипа од хидролози да ја проверат автентичноста на податоците.
м-р Васко Стојов дипл.град.инж.-хидро
Раководител на Одделение за хидрологија на површински води
Директор
м-р Оливер Ромевски

Meteomax.mk!

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Важни совети но и нови случувања околу временската состојба во Македонија за следните денови

Во првите 2-3 дена од новата седмица територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на визок воздушен притисок па така условите з амагла по котлините и тоа како ќе се зголемат па поради тоа на возачите овие денови им препорачуваме крајно да внимаваат како управуваат со своите возила.

Значи времето во првите 2-3 денови од седмицата која ни претстои ќе биде умерено облачно со сончеви периоди кој на некои места се очекува истите да бидат и нешто подолги. По котлините ќе има магла и ниска облачност која локално можно е да биде и нешто погуста.

Само локално сеуште ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Ќе биде претежно тивко или ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на покачување како утринските така и дневните. Сево ова е поради јужното воздушно струење кое ќе настапи во текот на неделата која ни претстои.

Некаде до средината на неделата минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до -1 степен додека на некои места истите е можно да се спуштат до околу -10 степени што значи полека минималните температури ќе се покачуваат.

Максималните температури ќе се движат некаде во интервалот од -1 до 5 степени додека веќе од средината на неделата ќе започнат да се покачуваат.

Мора да се напомене дека на тие места каде што ќе има магла и ниска облачност температурите на воздухот ќе бидат значително пониски.

Гледано според моменталните анализи и информации со кои располагаме веќе кон крајот на неделата максималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 13 степени што значи веќе температурите ќе бидат и малку натрпосечни (значи повисоки за овој дел од годината).

Во пораст ќе бидат и минималните температури кои ќе се спуштат во интервал од -4 до 2 степени што значи дека понекаде и минималните температури веќе ќе останат во позитива (малку над нулата).

Во петок и во сабота ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини (врнежите ќе бидат слаб до умерен интензитет).

Со оглед дека оваа прогноза се однесува за цела недела која ни претстои истата може и да се менува по потреба па затоа следете ги нашите редовни информации кои ви ги доставуваме на сите вас.

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Магла и ниска облачност по котлините – погледнете што ни носи првиот ден од новата седмица

И утре (30.01.2017) територијата на Македонија и натаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок што ќе услови времето да биде умерено облачно со сончеви периоди кој на некои места ќе бидат и подолги. Само локално на некои места не се исклучува можноста за сосеба слабо провејување на снег.

Ќе биде тивко а по котлините ќе има магла и ниска облачност.

Минималната температура ќе се спушти во интервал од -12 до -2 степени додека на некои места повтоно не се исклучува истите да се спуштат до околу -15 степени.

Максималната температура ќе се искачи во интервал од -1 до 5 степени додека во местата со магла и со ниска облачност температурите ќе бидат значително пониски.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

До крајот на денешниот ден локално провејување на слаб снег

Во текот на денешниот ден од југ и од југозапад над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локално провејување на слаб снег и тоа особено во јужните предели.

Ќе биде претежно тивко.

Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

И понатаму еден од најстудените градови ќе биде  и главниот град Скопје каде температурата во текот на целиот ден е можно д асе задржи под нулата.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!