ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЛАЧНОСТА ВО НЕДЕЛА: Погледнете што точно ќе донесе денот недела

Во недела (29.01.2017) територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок но исто така од југозапад над Македонското небо ќе поминува облачна воздушна маса кој ќе донесе услови за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено во попладневните  и во вечерните часови.. Ќе биде претежно тивко.

По одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност со што на тие места каде што ќе има магла температурите ќе бидат значително пониски.

Минималните температури во недела ќе се спуштат во интервал од -10 до -2 степени додека на некои места особено на оние повисоките како и на планините истите  е можно да се спуштат под -10 степени.

Максималните температури ќе се искачат во интервалот од -1 до 6 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Многу сонце ни носи и утрешниот ден (сабота)

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса утре (28.01.2017) времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за слаба магла.

Температурата ќе се движи во интервал од 0 до 6 степени што значи дека утре (сабота) максималните температури ќе бидат во благ пораст.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ВО МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО МНОГУ СТУДЕНА

Под влијание на виок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса во текот на вечерните часови како и во текот на претстојната нќ кон утрешниот ден (сабота) времето во Македонија ќе биде ведро и претежно тивко па поради тоа повторно температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе бидат негативни.

Поради ведрата ноќ утре наутро минималните температури ќе се спуштат во интервал од -17 до -3 степени додека на некои места и тоа особено на оние повисоките како и на планините не се исклучува можноста повторно истите да паднат до околу -20 степени.

На горната карта можете да ги погледнете очекуваните температури за време на оваа ноќ и утре наутро.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

МНОГУ СОНЦЕ ДО КРАЈОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН (ПЕТОК)

Територијата на Македонија веќе потпадна под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.

До крајот на денешниот ден (петок) времето ќе биде претежно сончево и претежно ќе биде тивко освен Долж Повардарието и во југоисточните предели каде ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Температурата ќе се искачи во интервал од -4 до 4 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОВТОРНО ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ: ОВА ПЕТОЧНО УТРО ПОВТОРНО ВО МАКЕДОНИЈА ИЗМЕРЕНИ -21°C

Во текот на изминатата ноќ облачноста насекаде во Македонија се намали и веќе претпладнево насекаде времето е сончево но сеуште МНОГУ СТУДЕНО.

Територијата на Македонија подпадна под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.

Ова петочно утро повторно Македонија има ЕКСТРЕМНИ временски услови што значи температурите речиси насекаде се спуштија под -10°C. Најстудено ова утре сепак беше Берово.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ова петочно утро ги измерија следните температури вредности:

-21 Берово, -17 Маврово, -16 Лазарополе, -14 Крушево, Кр. Паланка, Струмица, -12 Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница, Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Д. Капија, Тополчани, Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 Дојран.

Висина на снежната покривка во Македонија (27.01.2017)

3 Прилеп, 6 Штип, 10 Струмица, Тополчани, Кр. Паланка, 16 Скопје Петровец, 17 Скопје, 18 Д. Капија, 25 Берово, Тетово, 26 Битола, 30 Крушево, 46 Ѓуриште, 48 Лазарополе, Пожаране, 71 Маврово.