ПОНАТАМОШНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Погледнете што не чека утре (четврток)

Кон територијата на Македонија и понатаму ќе продолжи спуштањето на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од североисточна Европа со што температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање.

Утре (26.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сонечви периоди кои локално ќе бидат и нешто подолги. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локално и сосема слабо провејување на снег.

Минималната температура ќе се спушти во интервал од -13 до -3 степени додека на некои места особено на оние повисоки и на планините не се исклучува можноста истите да паднат до околу -15 степени.

Максималната температура ќе се искачи во интервал од -5 до 3 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ЕКСТРЕМНО СТУДЕНАТА ЗИМА ГИ ЗАМРЗНА ПЛИТВИЧКИТЕ ЕЗЕРА ВО ХРВАТСКА

Екстремен студ во текот на овој месец ја зафати буквално цела Европа  и цел Балкански Полуостров.

На многу места низ Европа и на Балканот температурите се спуштија и под -20 степени а понекаде дури и до речиси -30 степени. Овој ектремен студ беше проследен и со врнежи од снег.

ЕДНА ИНТЕРЕСНА СИТУАЦИЈА – ВО ХРВАТСКА ЦЕЛОСНО ЗАМРЗНАА ПЛИТВИЧКИТЕ ЕЗЕРА.

Ектремниот студ не ја одмина ниту Хрватска каде Плитвичките Езера целосно замрзнаа и тоа на 20 јануари 2017.

Во продолжение погледнете ја убавината на замрзнатите Плитвичките Езера кој се наоѓаат во Хрватска:

Фото: Severe Weather Europe!

 

 

ВАЖНА ВЕСТ: СООБРАЌАЈОТ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – ИСТО ТАКА ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ИМА ПРЕКИН НА ИСТИОТ

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Слаб снег провејува во Ресен. Магла со видливост 80 – 100 м има на планински превој Плетвар. На патните правци Велес-Штип и С.Николе-Куманово поради силен ветер наместа има наноси од снег кои редовно се чистат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

ПОГОЛЕМОТО ЗАЛАДУВАЊЕ ЗАПОЧНА: Погледнете како ја поминавме изминатата ноќ

Во текот на изминатата ноќ под влијание на не многу влажна воздушна маса од Медитеранот времето во Македонија се задржа претежно облачно со локални послаби врнежи од снег.

Во овие пладневни часови врнежите веќе насекаде се престанати и особено во североисточните предели има и сончеви периоди.

Од североисточна Европа започнато е спуштање на уште постуден воздух со што дува умерен ветер претежно од северен правец кој повремено се засилува по интензитет  и тоа особено Долж Повардарието и во југоисточните предели.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ги измерија следните минимални температури во текот на денешното утро:

-10 Ѓуриште, -8 Маврово, -7 Кр. Паланка, Пожаране, -6 Лазарополе, Куманово, -5 Тетово, Крушево, Берово, -4 Скопје, Дебар, Штип, Тополчани, -3 Прилеп, Виница, -2 Д. Капија, Битола, Струмица, -1 Претор, 0 Охрид, Гевгелија, Дојран.

Снежната покривка измерена исто така утринава е следна:

1 Претор, 3 Прилеп, 6 Штип, 10 Струмица, Кр. Паланка, 11 Тополчани, 18 Д. Капија, Скопје-З.Рид, 20 Скопје-Петровец, 25 Берово, 28 Битола, 30 Тетово, 31 Крушево, 45 Ѓуриште, 50 Пожаране, Лазарополе, 72 Маврово.