ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕTO: ПОВТОРНО СЛЕДУВААТ МНОГУ НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Оваа ноќ и натаму ќе има локални врнежи од снег претежно со слаб до умерен интензитет.

Во следните неколку денови поради спуштање на уште постудена воздушна маса од североисточна Европа ќе има дополнително заладување на времето кое најмногу ќе се осети во раните утрински часови.

Утре (25.01.2016) времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно иако на некои места не се исклучува можноста и за повремени сончеви периоди. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег.

Минималната температура ќе се спушти во интервал од -10 до -2 степени додека на некои места истата можно е да се спушти и под -10 степени.

Максималната температура ќе се искачи во интервалот од -4 до 4 степени.

Во четврток (26.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно на некои места со подолги сончеви периоди. Особено во јужните предели ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Минималната температура во четврток ќе се спушти во интервал од -13 до -3 степени додека на некои места истата е можно да се спушти до околу -15 степени.

Во петок и во сабота поради намалувањето на облачноста наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и на повеќе места ќе се спуштат до или под -10 степени и ќе се движат во интервал од -16 до -3 степени, не се исклучува можноста на некои места истите да се спуштат и до околу -20 степени.

Во недела минималните температури ќе се спуштат во интервал од -10 до -2 степени додека повторно на некои места истите е можно да се спуштат под -10 степени.

Овие денови максималните температури ќе се искачат во интервал од -4 до 3 степени додека за време на викендот истите ќе имааат тенденција на благ пораст и ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени.

Утре (среда) ќе дува умерен ветер од северен правец.

Деталната анализа на времето ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ДЕТАЛНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И ЗА УТРЕ (СРЕДА) КАКО И ЗА ЧЕТВРТОК

Територијата на Македонија е под влијание на не многу влажна воздушна маса која доаѓа од Медитеранот.

Денес во вечерните часови како и во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден и утре (среда) времето во Македонија ќе продолжи да биде претежно облачно со повремени локални слаби врнежи од снег. Самп денес во попладневните часови на некои од пониските места ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег.

Напомена: Со оглед на тоа дека врнежите ќе бидат локални не се исклучува можноста некои места од Македонија воопшто да не добијат врнежи.

По одделни котлини ќе продолжи да има магла и ниска облачност.

Поради започнување на спуштање на уште постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) ќе започне да дува умерен ветер од северен правец што ќе услови за понатамошно опаѓање на температурите на воздухот.

Минималната температура утре (среда

Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.
) ќе се спушти во интервал од -10 до 0 степени додека на некои места не се исклучува можноста истите да се спуштат под -10 степени.

Локално провејување на слаб снег ќе има и во четврток а температурите на воздухот  и понатаму ќе опаѓаат.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!