ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ЈАНУАРИ 2017 СО ЕКСТРЕМНИ СТУДОВИ

Сите знаеме каков ни беше самиот почеток на оваа 2017 година, на ден Божиќ територијата на Македонија како и голем дел од Европскиот Континет беа погодени од ИЗРАЗЕН ПОЛАРЕН бран кој се спушти од североисточните предели на Европа (Русија).

Овој бран кај нас донесе вистинска зима, снег  како и екстремно ниски температури на водухот кој се спуштија далеку под нула степени (под -25 степени).

На 8 Јануари 2017 година се измерени екстремно ниски температури во Македонија – мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија на овој ден во утринските часови ги измерија следните температурни вредности:

 

Берово -28 °C, Битола -25 °C, Маврово -24 °C, Лазарополе -23 °C, Крива Паланка -23 °C, Тетово -22 °C, Крушево -21 °C, Скопје Петровец, Штип и Виница -20 °C, Куманово, Ѓуриште, Тополчани -19 °C, Струмица -18 °C, Демир Капија -17 °C, Охрид -16 °C, Претор -16 °C, Дебар -15 °C, Дојран -12 и Гевгелија -10 °C.

Убедливо 8 јануари во Македонија е еден од најстудените денови во последните 66 години.

На следната метеоролошка карта можете да го погледнете негативното отстапување на температурте низ цела Европа во првата половина од Јануари месец 2017:

 

СНЕЖНА ИДИЛА РЕЧИСИ НАСЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Речиси целата територија на Македонија овие денови ужива во виостинска снежна бајка. Последниот снежен бран на многу места дополнително ја зголеми снежната покривка на повеќе места низ Македонија.

Во текот на денешното петочно утро мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ја измерија следната снежна покривка:

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот денес – петок (20.01.2017).
6 Виница, 7 Прилеп, 8 Претор, 9 Штип, 12 Струмица, 13 Кр. Паланка, 21 Скопје Зајчев Рид,Куманово, Д. Капија, 22 Дебар, 24 Тополчани, 25 Скопје Петровец, 33 Берово, 37 Тетово, 38 Битола, 39 Крушево, 48 Ѓуриште, 60 Пожаране, 61 Лазарополе, 84 Маврово.

Следната фотографија доаѓа од главниот град Скопје кој е еден од градовите со најмногу снег овие денови:

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот веќе од понеделник во вечерните и ноќните часови кон вторник облачноста ќе зе зголеми кога се очекуваат и повремени врнежи претежно од снег кој ќе бидат претежно со слаб до умерен интензитет додека во западните и во јужните предели ќе бидат малку поинтензивни со што ќе дојде до ново зголемување на снежната покривка.

Само на некои пониски места ќе има услови за повремени врнежи од дожд и снег.

Во вторник (24.01.2017) времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег додека на некои од пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Поради продор на студен воздух од север кој ќе започне да се спушта во текот на ноќта вторник кон среда ќе има заладување на времето кое ќе биде проследено со умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе се засилува. Исто така во текот на ноќта вторник кон среда особено во северните, североисточните и во источните предели ќе има повремени врнежи од снег кој ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Во среда (25.01.2017) сеуште времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе се засилува.

Во вторник ќе имаме нешто попријатни температури и помеко време кога максималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 степени.

Од среда поради спуштање на веќе споменатиот студен воздух од север максималните температури ќе бележат тенденција на позначително опаѓање и ќе се движат во интервал од -4 до 4 степени.

ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ А ПО ПОТРЕБА И ОБНОВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ НОВИОТ БРАН НА ВРНЕЖИ И ЗАЛАДУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВИКЕНД ВРЕМЕНКА ПРОГНОЗА: Погледнете дали времето овој викенд ќе биде идеално за прошетки во природа

Овој викенд под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде стабилно и суво без врнежи односно сончево со мала со умерена локална облачност. Утре (сабота) ќе дува слаб ветер претежно од северен правец додека во недела ќе дува саб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во вечерните, ноќните  и во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Поради разведрувањето кое ќе го имаме за време на овој викенд минималните температури насекаде ќе се спуштат под нула степени и ќе се движат во интервал од -13 до -4 степени додека на некои места истите се очекува да се спуштат под -15 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Погледнете што може да очекуваме од времето до крајот на денешниот петочен ден

До крајот на денешниот ден петок (20.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На некои места ќе има позначителна облачност а локално ќе има услови и за провејување на слаб снег.

Ќе дува слаб додека во западните предели слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!