СТРАШНО: ВО ИТАЛИЈА ЛАВИНА ЗАТРУПА ХОТЕЛ

По силниот земјотрес кој ја погоди централна Италија, снежна лавина затрупа хотел во планинскиот регион Абруцо.

Во хотелот во кој престојувале најмалку 30 луѓе се одвива спасувачка акција, додека тројца оттаму се водат како исчезнати.

Четири италијански тимови се ангажирани за да ги извлечат затрупаните во снегот, но како што известил шефот на спасувачката мисија додека трае мисијата, имало многу загинати.

Извор: ТВ НОВА!

 

Погледнете што ќе ни донесе денот (петок)

Утре (20.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено на планинските места не се исклучува можноста за провејување на слаб снег.

Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -1 степен додека на планинските места истата ќе се спушти под -10 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 4 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Снежниот бран ја донесе следната снежна покривка во Македонија

Последниот снежен бран кој ја зафати територијата на Македонијадополнително ја зголеми снежната покривка на повеќе места низ Македонија.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ја измерија следната снежна покривка:

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во16 часот).
83 Маврово, 62 Пожаране, 40 Битола, 37 Тетово, 33 Берово, 25 Д. Капија, 22 Скопје Зајчев Рид, 15 Кр. Паланка, 14 Струмица, 10 Штип, 9 Претор, Прилеп, 6 Виница.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
6 Охрид, 3 Д. Капија, Претор, Струмица, 2 Гевгелија, Виница, 1 Битола, Тетово, Прилеп, Штип, Скопје, 0 Кр. Паланка, -1 Тополчани, Берово, -2 Лазарополе, Пожаране, -4 Маврово.

Следната фотографија доаѓа од Битола која ја направена вчеравечер (18.01.2017)