ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ЗА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Според моменталните анализи добиени од многубројни метеоролошки модели на (19.01.2017) ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ празник Богојавление -Водици под влијание на влажна и студена воздушна маса (студениот воздух се спушта од север додека влажниот бран доаѓа од Медитаранот) времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег кој на некои места ќе бидат ПОИНТЗИВНИ со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.

Во крајните југоисточни предели врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Во текот на денот постено врнежите ќе престануваат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите сепак ќе бидат далеку попријатни за разлика од тие што ги имавме од изминатиот бран кој беше вистински ПОЛАРЕН.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -7 до 0 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени.

НАПОМЕНА: По потреба понатаму можни се обновување  и измени во прогнозата и истите доколку се случат навремено ќе бидете информирани.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

МНОГУ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОКОЛУ НАЈАВЕНАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Во следните часови поради приближувањето на веќе најавениот влажен и студен воздушен бран над Македонија облачноста ќе започне да се зголемува и тоа најпрвин во југозападните и западните а потоа и во останатите предели.

Во втората половина од ноќта која ни претстои а особено утре (понеделник) во раните утрински часови најпрвин во јужните, југозападните и западните предели ќе започнат повремени врнежи од снег кој потоа ќе се прошират на повеќе места низ Македонија.

Утре (16.01.2017) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во јужните, југозападните и во западните предели каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.Во југоисточните предели не се исклучува можноста повремено врнежите да бидат од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

 

НАЈАВА: Во текот на неделата која ни претстои територијата на Македонија постојано ќе биде под влијание на серија влажни и студени воздушни бранови што ќе предизвикаат повремени врнежи претежно  од снег и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои пониски места особено оние кои се наоѓаат Долж Повардарието и во југоисточните предели повремено врнежите ќе бидат од дожд.

Во западните, југозападните  и во јужните пределе ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Информација која се однесува до екипите на Македонија пат: Со оглед на очекуваната временска состојба навремено се информираат екипите на Македонија пат да бидат подготвени за претстојните влажни и студени воздушни бранови и навремено да реагираат за да не дојде до некои проблеми на патиштата низ Македонија поради очекуваните врнежи од снег.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Погледнете што може да очекуваме од времето до крајот на денешниот ден (недела)

До крајот на денешниот неделен ден времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните и во југозападните планински предели каде не се исклучува можноста за слабо провејување на снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Во доцните вечерни часови поради веќе најавениот влажен и студен бран од југозапад ќе започне зголемување на облачноста.

Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!