Погледнете какво време ни носи утрешниот ден (сабота)

Утре (14.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени послаби локални врнежи кои на ниските места ќе бидат од дожд и снег додека на повисоките места и на планините само од снег.

Слаби врнежи од снег се можни и на некои од пониските места и тоа од западните и од северозападните предели.

Во јужните и во југоисточните предели ќе биде значително потопло каде се очекува топење на снежната покривка и на овие места врнежите ќе бидат од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој на некои места повремено ќе се засилува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3 степени

Максималната температура ќе се движи во интервал: Во западните и во северозападните предели од -2 до 4 степени додека Долж Повардарието, во јужните и во југоисточните предели истите ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО ТЕКОТ НА ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Во текот на претстојната ноќ поради потоплата воздушна маса која ќе се наоѓа во горниот дел од Атмосферата и јужното воздушно струење во некои од котлините низ Македонија ќе има услови за врнежи од замрзнат дожд па затоа ви препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во текот на претстојната ноќ замрзнат дожд можен е и во главниот град Скопје кој моментално е и најстудениот град во Македонија.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВЛАЖЕН БРАН: ДОЖД, ДОЖД И СНЕГ, СНЕГ И ЗАМРЗНАТ ДОЖД (ЈУЖЕН И ЈУГОЗАПАДЕН ВЕТЕР)

Под влијание на јужно воздушно струење во текот на денешниот ден и тоа особено од попладневните часови ќе имаме ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето. Поради приближување на влажен водушен бран од запад и северозапад веќе од запад започнува зголемување на облачноста.

Во текот на попладневните и вечерните часови особено во западните предели ќе има повремени послаби врнежи од дожд на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден (сабота) врнежите ќе се интензивираат во западните предели додека на другите места врнежите ќе бидат послаби.

Во западните предели врнежите на пониските места ќе бидат претежно од дожд и снег додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе има зголемување на снежната покривка. Утре (сабота) во раните утрински часови не се исклучува можноста и на некои од пониските места во западните предели да има повремени врнежи од снег. Во јужните и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Денес (петок) во попладневните и во вечерните часови ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер кој во западните предели ќе биде од југозападен правец а во останатите предели од јужен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

Напомена: Скопје и денес ќе биде еден од најстудените градови во Македонија.

Во текот на денешната вечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (сабота) на некои места не се исклучува можноста за појава на замрзнат дожд.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ЛЕДЕНА УБАВИНА: Замрзнаа Габровските и Колешинските Водопади

Ледена планинска идила деновиве може да се доживее на Габровските и на Колешинските Водопади, на планината Беласица, близу Струмица.

Водопадите се целосно оковани во мраз, појава што ретко се случува, само во период на екстремно ниски температури како што е деновиве, пишува Нова Македонија.

Фото: Нова Македонија!