ВЛАЖЕН БРАН (ДОЖД, ДОЖД И СНЕГ И СНЕГ) НОВА АНАЛИЗА

Под влијание на нов влажен бран утре во текот на денот од запад постепено облачноста ќе се зголемува.

Во доцните попладневи и во вечерните часови ќе има повремени послаби врнежи кои на пониските места ќе бидат претежно од дожд, понекаде од дожд и снег додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на утрешната ноќ кон денот (сабота) и во сабота претпладне и тоа во западните предели каде на пониските места ќе има врнежи од дожд и снег а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег каде се очекува зголемување на снежната покривка.

Во текот на утрешната ноќ кон (сабота) и во сабота претпладне услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места од западните предели. Во јужните и во југоисточните предели врнежите ќе бидат со послаб интензитет и претежно ќе бидат од дожд.

Утре (петок) особено во попладневните и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон сабота ќе дува умерен, на некои места засилен ветер кој Долж Повардарието ќе биде од југоисточен додека во западните предели од западен и од југозападен правец.

Поради јужното воздушно струење во текот на утрешниот ден максималните температури ќе бидат во позначителен пораст и на многу места ќе бидат позитивни и ќе се движат во интервал од 0 до 5 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утрешната ноќ и сабота ќе донесе нов влажен бран (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Утре (13.01.2017) времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Во текот на денот поради приближување на нов влажен бран од запад и северозапад облачноста ќе започне да се зголемува најпрвин во западните а потоа и во останатите предели од земјава. Оваа облачнотс утре попладне и навечер ќе донесе повремени послаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Во текот на утрешната ноќ кон денот сабота и во сабота претпладне особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ каде во западните предели на пониските места ќе има врнежи од дожд и снег (понекаде не се исклучува можноста и за влажен снег) додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува зголемување на снежната покривка.

Во јужните и во југоисточните предели врнежите ќе бидат послаби и ќе бидат претежно од дожд.

Утре (петок) доцна попладне и навечер ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер кој Долж Повардарието ќе биде од југоисточен додека во западните предели ќе биде од југозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -12 до -4 додека во Скопскиот и во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти до околу или под -15 степени.

Во текот на денот поради јужното воздушно струење температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе се движат во интервал од -1 до 5 степени.

Деталната анализа ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВИДЕО: Погледнете како изгледа замрзнатото Охридско Езеро снимено под вода

Дел од Охридското езеро поради ниските температури замрзна, а охриѓанец сними како тоа излгледа под вода.

https://www.youtube.com/watch?v=hAnPO4wQHs4

 

 

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ: Погледнете какво време ќе имаме до кајот на денешниот ден (четврток)

Денешниот ден (четврток) конечно во Македонија ќе донесе малку попријатни температури што значи понекаде конечно температурата ќе се искачи некој степен над нулата.

До крајот на денешниот ден (четврток) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе се задржи во западните планински предели каде ќе провејува слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец додека на планините повремено ќе се засилува.

Максималната температура денес ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени.

Со денешниот ден конечно завршува поларниот бран кој веќе недела дена владее во Македонија. Од утре температурите на воздухот ќе бидат во понатамошен пораст.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!