ПОВТОРНО ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС

Денес во текот на вечерните часови ќе продолжи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО време со локално провејување на снег претежно во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од западен а во останатите претежно од северозападен правец.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден постепено облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со МНОГУ НИСКИ температури кои ќе се движат во интервал од -17 до -8 степени додека во постудените градови како што се Битола и Берово како и на повисоките места температурите можно е да се спуштат околу или под -20 степени.

Попријатни температури ќе имаме во текот на утрешниод ден (четврток) кога максималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 4 степени што значи дека од утре на некои места максималните температури веќе ќе се искачат и малку над 0 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!