Информација до сите: Еве што ќе донесе влажниот бран во петок навечер и во сабота

Сите се прашувате што точно ни носи влажниот бран кој ќе не зафати петок навечер и во сабота – вака: Овој бран ќе донесе врнежи и тоа претежно во западните предели а температурите ќе бидат далеку попријатни за разлика од сегашните со што на ниските места во западните предели ќе има врнежи од дожд и снег (понекаде има можност и за влажен снег) додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег и токму на овие места ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Во југоисточните предели овој пат врнежите ќе бидат претежно од дожд.

НАПОМЕНА: Во следните постови по потреба прогнозата можно е да се обновува  и изменува доколку дојде до промена на метеоролошките модели.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОВТОРНО ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС

Денес во текот на вечерните часови ќе продолжи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО време со локално провејување на снег претежно во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од западен а во останатите претежно од северозападен правец.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден постепено облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со МНОГУ НИСКИ температури кои ќе се движат во интервал од -17 до -8 степени додека во постудените градови како што се Битола и Берово како и на повисоките места температурите можно е да се спуштат околу или под -20 степени.

Попријатни температури ќе имаме во текот на утрешниод ден (четврток) кога максималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 4 степени што значи дека од утре на некои места максималните температури веќе ќе се искачат и малку над 0 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

ЕКСТРЕМНО НИСКИ МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ СЕ ИЗМЕРЕНИ И ДЕНЕС

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија и во текот на денешното утро измерија ЕКСТРЕМНО ниски температури каде на некои места истите се спуштија и под -20 степени.

Овие се денешните вредности на минималните температури изверени во Македонија:

Битола -22°C, Тетово и Маврово -20°C, Лазарополе -19°C, Скопје Петровец -18°C, Пожаране и Прилеп -17°C, Берово и Ѓуриште -16°C, Дебар, Скопје Зајчеврид и Крушево -15°C, Штип, Крива Паланка, Тополчани и Куманово -14°C, Виница -13°C, Демир Капија, Струмица и Претор -12°C, Охрид -11°C и Дојран и Гевгелија -7°C.

Погледнете каде до крајот на денешниот ден (среда) ќе има снег

До крајот на денешниот ден (среда) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и сеуште МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди во северните предели.

Во јужните и во југозападните предели ќе има зголемена облачност каде ќе има локални врнежи од снег кој ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -8 до -2 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!