ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: Нов влажен бран петок попладне и во сабота

Под влијание на нов влажен воздушен бран во петок доцна попладне како и во вечерните и ноќните часови кон сабота како и во сабота ќе има повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд или од дожд и снег додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.

Најпрвин врнежите ќе ги има претежно во западните предели но полека во текот на ноќта петок кон сабота ќе се шират и во останатите предели од земјава.

Во петок поради јужното воздушно струење ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец. Максималните температури во петок ќе се движат во интервал од 0 до 6 степени.

Во сабота ќе дува умерен северен ветер особено Долж Повардарието а ќе има врнежи претежно од снег особено во западните предели каде ќе има услови за формирање на нова снежна покривка и на некои пониски места додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Температурите во сабота ќе се движат во интервал од -2 до 6 степени.

Нови а по потреба и обновени информации во следните постови – следете не!

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!