Вакво време не очекува во текот на утрешниот ден (среда)

Утре (11.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и сеуште МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди особено во северната половина од државава.

Во јужните предели ќе биде умерено до значително облачно каде се очекуваат локални слаби врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер од северен правец додека на планините ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -16 до -8 степени додека на високите места и на планините температурит есе очекува да се спуштат до околу -20 степени а на планинските врвови и под -20 степени.

Максималната температура утре ќе бележи благ пораст и ќе се движи во интервал од -7 до 0 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!