ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: Нов влажен бран петок попладне и во сабота

Под влијание на нов влажен воздушен бран во петок доцна попладне како и во вечерните и ноќните часови кон сабота како и во сабота ќе има повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд или од дожд и снег додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.

Најпрвин врнежите ќе ги има претежно во западните предели но полека во текот на ноќта петок кон сабота ќе се шират и во останатите предели од земјава.

Во петок поради јужното воздушно струење ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец. Максималните температури во петок ќе се движат во интервал од 0 до 6 степени.

Во сабота ќе дува умерен северен ветер особено Долж Повардарието а ќе има врнежи претежно од снег особено во западните предели каде ќе има услови за формирање на нова снежна покривка и на некои пониски места додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Температурите во сабота ќе се движат во интервал од -2 до 6 степени.

Нови а по потреба и обновени информации во следните постови – следете не!

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Вакво време не очекува во текот на утрешниот ден (среда)

Утре (11.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и сеуште МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди особено во северната половина од државава.

Во јужните предели ќе биде умерено до значително облачно каде се очекуваат локални слаби врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер од северен правец додека на планините ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -16 до -8 степени додека на високите места и на планините температурит есе очекува да се спуштат до околу -20 степени а на планинските врвови и под -20 степени.

Максималната температура утре ќе бележи благ пораст и ќе се движи во интервал од -7 до 0 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (вторник)

Денес (10.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, понекаде и со умерен интензитет и тоа претежно во источните предели.

На некои места можни се и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!