ПОЛАРНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ: Погледнете ги измерените температури од ова понеделничко утро

Поради влијанието на поларната воздушна маса и денешното понеделничко утро донесе МНОГУ НИСКИ температури на воздухот.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија утринава ги измерија следните температурни вредности:

Маврово -21 °C, Битола, Тетово и Лазарополе -20 °C, Крушево -19 °C, Дебар и Прилеп-18 °C, Пожаране  и Куманово -17 °C, Крива Паланка, Берово и Ѓуриште -16 °C, Скопје Петровец и Тополчани -15 °C, Охрид, Виница и Претор -14 °C, Скопје -12 °C, Штип -11 °C, Демир Капија и Струмица -10 °C, Дојран -8 °C и во Гевгелија се измерени -7 °C.

Фото: Дојран (08.01.2017)