Во живо го следиме времето: Снегот започнува да врне

Во овие вечерни часови целата територија на Македонија е прекриена со облаци и веќе во источните и југоисточните предели започнати се послаби врнежи од снег.

Поради влијание на нов влажен бран од југ и од југоисток во текот на оваа ноќ и утре (10.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и во источните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Минималните температури утре ќе се движат во интервал од -19 до -8 додека на повисоките планини истите ќе се спуштат под -20 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени.

На следната метеоролошката карта можете да ја погледнете моменталната состојба со облачноста  и со врнежите во Македонија:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!