Во живо го следиме времето: Снегот започнува да врне

Во овие вечерни часови целата територија на Македонија е прекриена со облаци и веќе во источните и југоисточните предели започнати се послаби врнежи од снег.

Поради влијание на нов влажен бран од југ и од југоисток во текот на оваа ноќ и утре (10.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и во источните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Минималните температури утре ќе се движат во интервал од -19 до -8 додека на повисоките планини истите ќе се спуштат под -20 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени.

На следната метеоролошката карта можете да ја погледнете моменталната состојба со облачноста  и со врнежите во Македонија:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Крајбрежјето на Охридското Езеро кај Струга под дебел мраз (ГАЛЕРИЈА)

Поларните временски услови кои овие денови го зафатија Охридско – Струшкиот регион како и целата територија на Македонија придонесоја крајбрежјето на Охридското Езеро да замрзне.

Мразот кој е формиран на крајбрежјето од ова езеро е дебел. Најмногу на мразот му се радуваат децата кои се лизгаат на истиот.

Инаку овие денови температурите наутро во Струга се спуштаат дури под -15 степени додека преку денот тие се движат околу -7, -8 степени.

Поларното време ќе се задржи до четврток од кога се очекуваат малку повисоки и попријатни температури на воздухот.

Во продолжение погледнете ја галеријата од крајбрежјето на Охридското Езеро кај Струга:

Погледнете што ќе ни донесе претстојната ноќ и утрешниот ден (вторник)

Поради влијание на нов влажен бран од југ и од југоисток во текот на претстојната ноќ и утре (10.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и во источните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Минималните температури утре ќе се движат во интервал од -19 до -8 додека на повисоките планини истите ќе се спуштат под -20 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОЛАРНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ: Погледнете ги измерените температури од ова понеделничко утро

Поради влијанието на поларната воздушна маса и денешното понеделничко утро донесе МНОГУ НИСКИ температури на воздухот.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија утринава ги измерија следните температурни вредности:

Маврово -21 °C, Битола, Тетово и Лазарополе -20 °C, Крушево -19 °C, Дебар и Прилеп-18 °C, Пожаране  и Куманово -17 °C, Крива Паланка, Берово и Ѓуриште -16 °C, Скопје Петровец и Тополчани -15 °C, Охрид, Виница и Претор -14 °C, Скопје -12 °C, Штип -11 °C, Демир Капија и Струмица -10 °C, Дојран -8 °C и во Гевгелија се измерени -7 °C.

Фото: Дојран (08.01.2017)

 

Поларните услови продолжуваат

И денес (09.01.2017) под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса со потекло од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег особено во северните  и во североисточните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе се засилува.

Температурата ќе се движи во интервал од -11 до -4 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!