ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈА Е НАЈНИСКАТА ТЕМПЕРАТУРА ИЗМЕРЕНА ВО МАКЕДОНИЈА

Пред 60 години, на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија.

Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5 степени Целзиусови.

Ваквата температура е евидентиран како најниска во Македонија од 1925 година наваму.

Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.

Инаку, најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.

ПОЛАРНИОТ БРАН ГО ЗАМРЗНА И ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО

Крајбрежјето на Дојранското Езеро утрото осамна под мраз. Температурата во Дојран утрото изнесуваше минус 12 степени.

Според прногнозите максималната температура во Дојран денеска треба да се искачи до -5 степени, а минусните температури ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Погледнете како изгледа Дојранското Езеро:
Извор: А1on.mk!

Во текот на утрешната ноќ и во вторник почести но послаби врнежи од снег

Под влијание на не многу изразен влажен воздушен бран од југ и од југоисток во текот на утрешната ноќ како и во вторник времето во Македонија ќе биде претежно облаќно и МНОГУ СТУДЕНО на повеќе места со повремени врнежи од снег но овој пат врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет со што е можо формирање на нова но потенка снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите и натаму остануваат МНОГУ НИСКИ и во вторник наутро ќе се движат во интервал од -19 до -8 степени додека на планинските места температурите повторно ќе се спуштат под -20 степени.

Максималните температури во вторник ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени додека на планините истите ќе се движат околу или под -15 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОЛАРНИОТ БРАН И СНЕГОТ СЕ СПУШТИЈА ДУРИ ДО ГРЦИЈА И ТОА ДО ЛЕТНИТЕ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА

Пефкохори, Сарти, Ханиоти, Лефкада… цел Халкидики и голем дел од северна Грција денеска осамнаа под снег. Жителите и туристите на шега коментираат дека Грција е подготвена за зимската скијачка сезона.

Тамошните власти веќе издадоа вонредна задолжителна обврска за користење на зински ланци за снег на сите возила, известуваат грчките медиуми.

 

АЛАРМАНТНО: На Антартикот се отцепува мраз голем како Шкотска и излегува на отворено море (ВИДЕО)

Огромна санта мраз, една од најголемите досега се отцепува од Антартикот, информираат научниците.

Ледениот гребен Ларсен Ц ќе остане без 5 илјади километри квадратни ако пукнатината продолжи да се шири, велат научници од Универзитетот Сванс.

Огромна санта мраз, една од најголемите досега се отцепува од Антартикот, информираат научниците.

Пукнатината на ледениот брег ЛАрсен Ц изминативе години постепено се ширеше, а минатиот месец и драматично се зголемила за цели 18 километри.

https://www.youtube.com/watch?v=lTszwMVOYyo

 

 

ПОВТОРНО ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ДЕНОТ ПОНЕДЕЛНИК

И натаму територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНАТА воздушна маса кој  се спушта од североисточните предели на Евопскиот Континент.

Во текот на претстојната ноќ времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Ќе има услови и за локално провејување на слаб снег.

Утре (09.01.2017) времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре наутро температурите ќе се движат во интервал од -24 до -9 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -13 до -5 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

УТРИНАВА НАЈСТУДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА СО ТЕМПЕРАТУРА ОД -28 °C – ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ

Поради влијанието на ПОЛАРНИОТ воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент ова утро во Македонија имавме ЕКСТРЕМНО НИСКИ темепратури.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утринава ги измери следните вредности на температурите низ Македонија:

Берово -28 °C, Битола -25 °C, Маврово -24 °C, Лазарополе -23 °C, Крива Паланка -23 °C, Тетово -22 °C, Крушево -21 °C, Скопје Петровец, Штип и Виница -20 °C, Куманово, Ѓуриште, Тополчани -19 °C, Струмица -18 °C, Демир Капија -17 °C, Охрид -16 °C, Претор -16 °C, Дебар -15 °C, Дојран -12 и Гевгелија -10 °C.

Фото: Горна Белица – Јабланица, Струшко!