НОЌТА КОЈА ДОАЃА ПОЛАРНА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ СПУШТАТ ПОД -20 СТЕПЕНИ

Поради влијанието на ПОЛАРНАТА воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент денес во вечерните часови ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со умерен, на некои места засилен ветер од северен правец но и со услови за локално провејување на слаб снег.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден облачноста ќе се намачи и ќе биде ведро со умерена облачност а ветерот од северен правец ќе продолжи.

Во текот на ноќта која ни доаѓа како и во текот на утрешното утро температурите ќе бидат ПРЕМНОГУ ниски и ќе се движат во интервал од -24 до -13 степени додека на високите планински места температурите ќе се спуштат до околу -30 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОЛАРНО УТРО во Македонија: Погледнете ги измерените температури

Во текот на изминатата ноќ како и претпладнево времето во Македонија е променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО а на некои места провејува слаб снег. Дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) оваа висината на снежната покривма низ Македонија утринава:

4 Дојран, 8 Претор, 10 Струмица, 11 Виница, Скопје-З.Рид,  12 Д. Капија, 14 Прилеп, 15 Штип, 18 Скопје Петровец, 19 Охрид, 20 Куманово, 21 Битола, 23 Крушево, 25 Кр. Паланка, 26 Ѓуриште, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 34 Тополчани, 51 Лазарополе, 60 Пожаране до 84 во Маврово.

Во Маврово утрово е измерена најниска температура од -19 степени, следи Крушево и Лазарополе со -18, Тополчани и Ѓуриште -17, Пожаране -15, Прилеп, Крива Паланка и Берово -14, Претор, Охрид, Виница, Дебар, Куманово и Битола -13, Штип и Тетово -12, Скопје -11, Струмица, Демир Капија и Дојран -10 до -8 во Гевгелија.

Мора да се напомене дека на високите места и на планините температурите се многу пониски.

Од утре температурите ќе бидат уште пониски!

Првиот ден од Божиќ ни носи ПОЛАРНИ услови

Под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент денес (07.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди кој подолги ќе бидат во западните предели. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -13 до -6 степени додека на повисоките планини истите ќе се задржат околу -20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!