ПОЛАРНИОТ бран започна да го мрзне Охридското Езеро

Намелниот водостој на Охридското Езеро поради подолгиот сушен период обуслови синоќа мал дел од Езерото на потегот пред хотелот „Палас“ каде повлекувањето на водата е највидливо да почне да мрзне.

Ова се случува речиси секоја година, но првпат оваа зима.

Останува надежта дека снегот и неговото топење ќе ја поправат хидролошката слика и водостојот ќе се врати во нормални граници

ФОТО: Stojan Stojanovski!

Првиот ден од Божиќ ни носи ПОЛАРНИ временски услови

Утре (07.01.2017) под влијание на ПОЛАРНАТА ВОЗДУШНА МАСА која се спушта од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде умерено облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од од -19 до -12 степени додека на високите места и на планините ќе се спушти под минус 20 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -15 до 07 степени додека на планините ќе се задржи до околу -20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време не очекува за време на оваа Бадникова вечер

За време на оваа Бадникова вечер под влијание на ПОЛАРНА ВОЗДУШНА маса која е со потекло од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со слаби локални врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурите во текот на овие вечерни часови во Македонија ќе се движат во интервал од -17 до -10 степшени додеќа во текот на ноќта и утре наутро ќе биде уште постудено со температури од -19 до -12 степени додека на високите места и планините температурите ќе се спуштат под -20 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Цела Македонија под снежна покривка – погледнете каде има најмногу снег

Од вчера територијата на Македонија е зафатена од циклонска активност која најпарвин во јужните предели донесе врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините додека во северните и во северозападните предели врнежите во текот на целиот черашен ден беа од снег.

Меѓутоа од вчерашното попладне кон територијата на Македонија започна да се спушта ПОЛАРНА ВОЗДУШНА МАСА од североисточна Европа кој услови засилен северен ветер и нагло заладување на времето со што до вечерните часови врнежи од снег имаше над целата територија на Македонија.

Во текот на изминатата ноќ врнежите од снег насекаде продолжија и на повеќе места беа ПОИНТЕНЗИВНИ со што ова утро над целата територија на Македонија е формирана снежна покривка.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) оваа е денешната снежна покривка низ Македонија:

Маврово 74 цм, Пожаране 65 цм, Лазарополе 52 цм, Тетово 40 цм, Ѓуриште 27 цм, Крива Паланка 26 цм, Тополчани 25 цм, Берово и Крушево 23 цм, Битола 21 цм, Охрид 20, цм, Куманово и во Скопје Петровец 18 цм, Штип 17 цм, Прилеп 14 цм, Струмица 12 цм, Демир Капија 11 цм, Виница 10 цм, Претор 8 цм и 6 цм се измерени во Дојран.

Фото:Струга (05.01.2017)

НАЈАВЕНИОТ ПОЛАРЕН БРАН ПРИСТИГНА: Вакво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (петок)

Под влијание на ПОЛАРНА ВОЗДУШНА МАСА која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент денес (06.01.2016) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремено локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Ќе дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км на час и кој локално ќе предизвика снежни наноси.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!