ПОЛАРНИОТ БРАН ДОАЃА УТРЕ (ЧЕТВРТОК): ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ

Утре (05.01.2017) уште во текот на претпладневните часови територијата на Македонија ќе започне да подпаѓа под влијание на циклонска активност која ќе предизвика врнежи кои во северните и во северозападните предели уште на почетокот ќе бидат претежно од снег додека во јужните предели најпрвин ќе има врнежи претежно од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Меѓутоа во текот на денот од североисточна Европа ќе започне да се спушта ПОЛАРНА ВОЗДУШНА МАСА. Оваа поларна маса ќе услови ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе има удари од над 60 км/час.

Ова ќе предизвика утре доцна попладне и навечер врнежите насекаде да преминат во врнежи од снег со што формирање на снежна покривка ќе има насекаде.

На планините се очекува нова снежна покривка понекаде и од над 60 цм, на повисоките места над 40 цм додека на пониските места таа ќе изнесува некаде од 10 до 30 цм. Исклучок ќе бидат крајните југоисточни предели каде снежната покривка се очекува да биде најниска.

Силниот ветер кој ќе дува локално ќе предизвика СНЕЖНИ НАНОСИ и истите е можно да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Температурата утре (четврток) ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени меѓутоа од попладневните часови ќе започне нагло да опаѓа.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Највисока снежна покривка утринава во Маврово

Влажниот бран кој од вчера попладне ја зафати територијата на Македонија донесе нова снежна покривка.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утринава највисока снежна покривка е измерена во Маврово и тоа 15 цм, потоа следуваат Лазарополе 9 цм, Дебар 7 цм, Тетово 4 цм, Пожаране 3 цм и Виница, Крушево и Берово се измерени по 1 цм.

Наврнат воден талог во (л/м2): Дебар 7 л/м2, Маврово 5л/м2, Лазарополе 4 л/м2, Пожаране 3 л/м2, Претор, Крушево, Тетово, Охрид и Берово по 1 л/м2. На другите места врнежите беа премногу слаби и наврнатите количине се под 1 л/м2.

Извор: УХМР Македонија!

Маврово (04.01.2017)

Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (среда)

Денес (04.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нешто повеќе облачност ќе се задржи во западните предели.

Ќе има и повремени локални послаби врнежи од дожд на понискит еместа и послаби врнежи од снег на повисоките места и на планините.Врнежите повеќе ќе ги има во западните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец додека на повисоките места и на планините ќе се засилува и ќе биде од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!