ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА БИДАТ ПОДГОТВЕНИ: ОД ЧЕТВРТОК ПОЛАРЕН БРАН, СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО -25 СТЕПЕНИ

Како што и веќе најавивме во четврток под влијание на циклонска активност ќе има врнежи најпрвин од дожд и снег на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на нова а таму каде што веќе има снежна покривка истата ќе се зголемува.

Во текот на денот поради спуштање на ПОЛАРНА воздушна маса од североисточна Европа врнежите насекаде ќе поминуваат во врнежи од снег со што формирање на снежна покривка ќе има и на пониските места.

Ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и ќ достигнува брзина од над 70 км/час. Сето ова ќе предизвика локално да има појава на снежни наноси и да биде застапено во форма на НЕВРЕМЕ.

Врнежите од снег на повеќе места ќе ги има и во петок кога исто така ќе дува СИЛЕН северен ветер локално со брзина од над 70 км/час.

Во четврток максималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 9 степени меѓутоа од попладневните часови ќе започнат нагло да опаѓаат.

Во петок минималните температури ќе се движат во интервал од -12 до -4 степени додека максималните ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, на повисоките места и на планините температурите ќе се спуштат под -15 степени.

За време на викеднот ќе биде ПРЕМНОГУ СТУДЕНО кога минималните температури во сабота ќе се движат во интервал од -22 до -11 степени додека максималните температури ќе се движат во интервал од -14 до -7 степени.

Во недела минималните температури ќе се движат во интервал од -25 до -12 степени, на повисоките места и на планините температурите ќе паднат под -25 степени. Максималните температури во недела ќе се движат во интервал од -12 до -5 степени додека на повисоките места и на планините тие ќе се движат околу или под -15 степени.

ПРЕМНОГУ СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ И ВО ПОЧЕТОКОТ НА НАРЕДНАТА СЕДМИЦА.

ДЕТАЛНАТА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЈА ПОДГОТВИ СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Поради ПОЛАРНИОТ БРАН во следните недела дена се информираат граѓаните на Македонија доколку имаат било какви проблеми да се обратат на телефонскиот број 195 кој е на Центарот За Управување со Кризи (ЦУК).

Ден пред ПОЛАРНИОТ удар – погледнете какво време ќе ни донесе денот среда

Утре (04.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нешто повеќе облачност ќе се задржи во западните предели.

Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд на ниските места додека на повисоките места и на планините ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Наутро услови за слаб локален снег ќе има и на некои пониски места.

Во текот на денот поради послабо јужно воздушно струење ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2 степени.

Максималните температури утре ќе се движат во интервал од 2 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: СНЕЖНАТА БАЈКА ЗАПОЧНА НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ

Влажниот бран кој беше најавен полека од северозапад и од запад навлегува во нашата територија а што ќе донесе овој влажен бран веќе претходно ве информиравме.

Во продолжение погледнете ја моменталната состојба на скијачките центри Попова Шапка и Маврово:

Попова Шапка во моментов:

Маврово во моментов:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ! Фото: Skimacedonia.mk!

 

ВЛАЖНИОТ БРАН СЕ ПРИБЛИЖУВА: Погледнете што ќе донесе

Денес (03.01.2017) времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со умерена локална облачност во западните предели.

Поради приближување на влажен воздушен бран од северозапад во попладневните часови облачноста ќе започне да се зголемува најпрвин во северозападните и во западните предели а потоа и насекаде ќе има зголемување на облачноста.

Оваа облачност попладне и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе донесе локални врнежи претежно од дожд на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде
ќе се формира нова снежна покривка.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден послаби врнежи од снег се можни и на некои места кои се наоѓаат на надморска височина од над 600 метри.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од југозападен правец додека на останатите места ќе биде претежно од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Овие се минималните температури измерени утринава во Македонија

Во Македонија во текот на ноќта како и претпладнево времето е ведро и многу студено со ниски минимални температури. Непто повеќе облачност има во западните предели.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ги измерија следните температурни вредности утринава:

-12 Берово, -10 Скопје Петровец, -9 Струмица, Д. Капија, -8 Куманово, Штип, -7 Скопје, Гевгелија, -6 Битола, Тетово, -5 Кр. Паланка, -4 Прилеп, Дојран, -2 Пожаране, Маврово, Ѓуриште, -1 Крушево, Лазарополе, 0 Тополчани, Охрид, Дебар, 1 Претор.