ПОЛАРЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ДОАЃА ГОЛЕМ СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ПОД -20 СТЕПЕНИ И СНЕГ (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Утре (03.01.2017) поради приближување на влажен воздушен бран од северозапад во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголемува.

Оваа облачност утре доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон среда ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

Во текот на утрешната ноќ услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои места кои се на надморска височина од над 600 метри со што услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои од овие места.

Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните предели.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од западен правец додека Долж Повардарието и во источните предели ќе биде од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -1 степен.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Во среда (04.01.2017) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Позначителна облачност ќе има во западните предели.

Ќе има и локални послаби врнежи од дожд на ниските и слаби врнежи од сне гна повисоките места и на планините и тоа претежно во западните предели.

Во текот на денот поради продор на малку потопол воздух од југ ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во среда ќе се движи во интевал од 2 до 10 степени

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ПРОДОР НА ПОЛАРЕН БРАН ОД СЕВЕРОИСТОЧНА ЕВРОПА ОД ЧЕТВРТОК: Во четврток (05.01.2017) територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе предизвика врнежи и тоа најпрвин од дожд и снег на пониските места и само снег на повисоките места и на планините, меѓутоа во текот на денот поради спуштање на ПОЛАРНА воздушна маса од североисточна Европа врнежите ќе започнат да поминуваат во снег и на пониските места и веќе во четврток навечер врнежи од снег ќе има насекаде во Македонија.

Формирање на снежна покривка ќе има над целата територија на Македонија и тоа на повеќе места таа ќе изнесува над 10 цм, понекаде и над 20 цм додека на планините ќе се формира снежна покривка од над 50 цм.

Во четврток исто така ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, понекаде и СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе предизвика локална појава на снежни наноси и можно е истото да биде во форма на НЕВРЕМЕ.

Во четврток максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени додека на повисоките места ќе бидат пониски и под 0 степени а на планините температурите ќе изнесуваат околу -10 степени.

Во текот на попладнето температурите насекаде ќе започнат нагло да опаѓаат.

Во петок сеуште ќе има врнежи од снег а ќе дува ЗАСИЛЕН , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Минималните и максималните температури нема премногу да се разликуваат така да минималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени додека на планините ќе се спуштат до околу -15 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -8 до -2 степени.

Најстуден ден ќе биде сабота кога максималните температури ќе се движат во интервал од -13 до -5 степени додека на планините ќе се спуштат до околу -20 степени.

За време на викендот минималните температури ќе бидат ПРЕМНОГУ НИСКИ и во сабота ќе се движат во интервал од -18 до -10 степени додека на повисоките места и на планините ќе се спуштат под -20 степени додека во недела минималните температури ќе се движат во интервал од -22 до -11 степени а на планините истите ќе се спуштат дури под -25 сстепени.

Почитувани нови а по потреба и обновени информации очекувајте во следните постови.

Деталната анализа ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утре доцна попладне и навечер: Промена на временската состојба во Македонија

Утре (03.01.2017) поради приближување на влажен воздушен бран од северозапад во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголемува.

Оваа облачност утре доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон среда ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

Во текот на утрешната ноќ услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои места кои се на надморска височина од над 600 метри со што услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои од овие места.

Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните предели.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од западен правец додека Долж Повардарието и во источните предели ќе биде од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -1 степен.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (понеделник)

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса денес (02.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од западен правец и тоа особено во западните предели.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден во западните предели ќе има малку повеќе облачност каде ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег.

Максималната температура денес (понеделник) ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Овие се минималните температури измерени во Македонија утринава

Во текот на изминатата ноќ како и изутринава времето во Македонија беше ведро и многу студено насекаде низ Македонија.

Претпладнево е сончево и релативно студено.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ги измерија следните вредности на денешните минимални температури:

-12 Берово, -10 Д. Капија, -9 Куманово, Струмица, Штип, Тетово, -8 Скопје Зајчев Рид, Кр. Паланка, Битола, Прилеп, -7 Пожаране, -6 Маврово, Гевгелија, Виница, Лазарополе, -4 Дојран, Охрид, Претор, -3 Тополчани, Крушево, -2 Ѓуриште.

Висина на снежна покривка: Лазарополе 9 цм, Маврово 8 цм и Крушево 3 цм.