Влажен бран се движи кон Македонија: Промена на времето во вторник навечер

Под влијание на влажен воздушен бран промена на временската состојба во Македонија се очекува во вторник доцна попладне и навечер кога се очекува зголемување на облачноста.

Оваа облачност во вторник навечер како и во текот на ноќта кон среда ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка. Услови за снег ќе има и на некои пониски места во Македонија.

Ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Во среда наутро температурите ќе се движат во интервал од -8 до 1 степен додека на повисоките метса и на планините температурите се очекува да паднат под -10 степени.

Во денот среда поради продор на малку потопол воздух од југ ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец а во текот на денот ќе имаме малку повисоки температури на воздухот.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален слаб дожд на ниските места и слабо провејување на снег на повисоките места и на планините.

Максималната температура во среда ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени,

Голема промена на времето се очекува во четврток кога ќе има поитензивни врнежи кои на ниските места најпрвин ќе бидат од дожд или од дожд и снег додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува да се формира поголема снежна покривка.

Поради спуштање на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од североисточна Европа во текот на денот ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН северен ветер кој ќе предизвика нагло заладување на времето со што во четврток доцна попладне и навечер врнежи од снег ќе има и во пониските места кад есе очекува да се формира снежна покривка.

Нова а по потреба и обновена прогноза очекувајте во следните наши постови.

Деталната прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време ќе ни донесе вториот ден од новата 2017 година

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса утре (02.01.2017) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец и тоа особено во западните предели.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени додека на повисоките места и на планините температурит еќе се спуштат до околу -15 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!