Директорот на Метеомакс.мк Славчо Попоски со искрени новогодишни честитки до сите вас

Почитувани мои: Од се срце сакам да ви ги честитам новогодишните и Божиќните празници и да ви посакам се најубаво во новата 2017 година.

2017 година на сите вас: Мајки и татковци, синови и ќерки, баби и дедовци нека ви донесе многу здравје, среќа, бериќет, пари и огромен број на успеси, исто така новата 2017 година да ни биде мирна година без омраза и без расправии и истата да ни биде исполнета само со лубов и дружба со секого.

Со почит и искрена новогодишна честитка до сите вас од директорот на овој метеоролошки медиум Метеомакс.мк СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Годината која заминува ќе ја паметиме по многу земјотреси – најсилниот беше регистриран во Скопје по разорниот од 1963

Оваа 2016 година за жал ќе ја паметиме по многу земјотреси кои се случија во Македонија и од кој најсилниот беше регистриран во Скопје по оној разорниот од 1963 година.

Оваа година Скопје го погоди силен земјотрес со интензитет од 5.3 степени спорет рихтеровата скала и истиот предизвика мтеријални штети а освен тоа предизвика голема паника кај граѓаните кои беа принудени ноќите да ги поминуваат под отворено небо.

Оваа 2016 година многу земјотреси од Грција беа почувствуви и во Македонија.

На следната фотографија можете да го погледнете моментот кога Скопје беше погодено од силниот земјотрес со интензитет од 5.3 степени според рихтер:

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Последното утро од 2016 година МНОГУ СТУДЕНО – погледнете ги измерените температури

Во текот на изминатата ноќ времето во Македонија беше променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО а локално особено во источните предели провејуваше сосема слаб снег.

Нешто поведро време се задржа во западните предели.

Мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија ги измерија следните минимални температури:

-13 Маврово, -12 Лазарополе, Крушево, -9 Берово, -8 Прилеп, Битола, Пожаране, Претор, Ѓуриште, Кр. Паланка, Тетово, Тополчани, -7 Охрид, Виница, -4 Скопје-З.Рид, -3 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, -2 Струмица, -1 Дојран, Д. Капија, 0 Гевгелија.

Висина на снежна покривка до  07:00 часот утринава: Лазарополе 13 цм, Маврово 12 цм, Крушево 4 цм и Берово 3 цм.

До крајот на последниот ден од оваа 2016 година ова можеме да го очекуваме од времето

Оваа 2016 година ќе ја завршиме со продорот на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од североисточна Европа.

Поради тоа денес (31.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди кои подолги ќе бидат во западните предели.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Не се исклучува можноста и з алокално провејување на сосема слаб снег особено во источните и јужните предели.

Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.

ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: За време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени додека на повисоките планини температурите ќе паднат под -15 степени.

Првото утро од новата 2017 година ќе го дочекаме со температури кои ќе се движат во интервал од -12 до -3 степени додека на високите планини температурите ќе паднат до околу -20 степени.

Првиот ден од новата 2017 година ќе ни донесе сончево време со мала локална облачност и малку повисоки максимални температури кои ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Радарска слика: Во живо го следиме времето само за вас

Во овој момент од исток, поточно од соседна Бугарија кон нашата територија се движи облачна воздушна маса која е можно да донесе слабо локално провејување на снег особено во источните  и во јужните предели.

Токму оваа облачна маса во текот на утрешнут ден повторно ќе донесе услови за провејување на локален слаб снег и тоа повтоно особено во источните  и во јужните предели.

Напомена: Доколку се случи ова провејување нема да биде ништо посебно, се работи за слабо провејување на снег.

Од оваа облачна маса е најпогодена Турција каде на многу места владее вистинска снежна бајка што значи како бранот се движи така во исто време и слабее во јачина.

На следната радарска слика можете да ја погледнете моменталната состојба со облачноста  и со врнежите:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!