Цел Балкан мрзне – Турција под вистинска снежна бајка (Фото)

Додека ние во Македонија како и целкиот Балкан мрзнеме во Турција освен студ владее и вистинска снежна бајка. Погледнете ги следните фотографии:

Анкара – Турција (30.12.2016)

Малатја оваа вечер:

Бурса (30.12.2016)

Коња (29.12.2016)

Маниса (30.12.2016)

Фото: Severe Weather Turkey!

 

За сите вас: Прогозирана температура за време на новогодишната ноќ по градови низ Македонија

Почитувани наши како што и веќе ве информиравме за време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде стабилно, суво но МНОГУ СТУДЕНО поради продорот на МНОГУ СТУДЕН воздух од североисточна Европа

Температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе бидат негативни.

Напомена: На повисоките планински места температурата во текот на утрешната ноќ се очекува да паднат под -15 степени.

  • На следната карта можете да ги погледнете очекуваните температури низ Македонија за време на утрешната ноќ како и за недела наутро (првото утро од новата 2017 година):
  • Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

САМО ЗА ВАС: НАЈПРЕЦИЗНАТА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ И ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

За време на викендот под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна , сува но студена воздушна маса која се спушта од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и студено.

Утре – сабота (31.12.2016) времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди каде подолги ќе бидат во западните предели. Во јужните и во источните предели не се исклучува можноста за локално провејување на сосема слаб снег.

Ќе дува умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе се засилува по интензитет.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -11 до -2 степени додека на високите планини минималната температура ќе се спушти до околу -20 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени додека на повисоките места и на планините таа ќе се движи до околу -7 степени.

ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: За време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност, врнежи нема да има.

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -12 до -3 степени додека на високите планини тие ќе паднат до околу -20 степени.

Во недела (01.01.2017) времето ќе биде сончево со мала а во вечерните часови до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен и северозападен правец.

Во текот на денот ќе биде малку потопло кога максималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека за време на новогодишната ноќ ќе биде МНОГУ СТУДЕНО  и температурите насекаде ќе бидат негативни ве предупредуваме внимателно да управувате со своите возила поради тоа што на некои места од коловозите ќе има голомразица.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СТУДЕН БРАН: Погледнете какво време ќе ни донесе денот пред викенд (петок)

Под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спишта од североисточна Европа денес (30.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови локално ќе има зголемена облачност особено во источните предели.

На планинските места ќе има услови за повремено провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -3 до 5 степени. На повисоките планини максималната температура ќе се задржи многу ниска и ќе изнесува околу -10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!