ПОЛАРЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете какво време ќе ни донесе утрешниот ден (петок)

Поради влијанието на многу студената воздушна маса која ја зафати територијата на Македонија и која е со потекло од североисточна Европа утре (30.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и истите на некои места ќе бидат и подолги.

На планинските места не се икслучува можноста за провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -11 до -3 степени додека на повисоките планински места истите ќе паднат до околу -15 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Поларниот бран ја погоди и Грција каде предизвика ОБИЛНИ снежни врнежи

Поларниот бран од североисточна Европа кој го зафати Балкански Полуостров се спушти дури до Грција каде во делови од оваа земја предизвика обилни снежни врнежи.

Снежните врнежи ги има и во близина на главниот град од оваа земја, Атина.

На следните фотографии погледнете ја ситуацијата во Грција – фотографии кои се направени воблизина на Атина

Фото: Severe Weather Europe!

 

Многу ветровито и студено време – локално ќе провејува слаб снег

Денес (29.12.2016) под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со сончеви периоди.

Локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од околу 80 км/час.

Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 7 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете каде има највисока снежна покривка и кои се минималните температури во Македонија

По вчерашниот бран на врнежи од снег кој се спушти од север дојде до зголемување на снежната покривма на повисоките места и на планините а додека во некои од градовите дојде до нејзино тенко формирање.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утринава највисока снежна покривка е зимерена во Лазарополе и тоа 14 цм, потоа следува Маврово со 12 цм, Крушево 7 цм, Претор и Берово 4 цм и Крива Паланка 2 цм.

Мерните станици на УХМР кои се наоѓаат низ Македонија утинава ги измерија следните температури: -9 Лазарополе, -8 Крушево, Маврово, -6 Претор, -5 Берово, Ѓуриште, Тополчани, -4 Пожаране, -3 Дебар, Охрид, Кр. Паланка, -2 Прилеп, Битола, -1 Тетово, Штип, Куманово, Виница, 0 Скопје, Скопје Петровец, 1 Д. Капија, Дојран, 2 Струмица, 3 Гевгелија.

Наврнат воден талог (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Крушево, Кр. Паланка, 2 Маврово, 3 Берово, Претор, 4 Лазарополе.