ПОЛАРЕН БРАН: ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ОВАА ВЕЧЕР НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Оваа вечер поради продор на ПОЛАРНИОТ бран од североисточна Европа но и поради влажна воздушна маса на скијачките центри Попова Шапка и Маврово има ИНТЕНЗИВНИ внрежи од снег каде владее вистинска снежна бајка.

Погледнете како изгледаат овие скојачки центри во текот на оваа вечер:

Фото: Skimacedonia.mk!

 

Поларен воздух од североисток, силен северен ветер и локално провејување на снег

Под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од североисточна Европа утре (29.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег.

Ќе дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени додека на високите планини истата ќе се спушти до околу -15 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 4 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Радарска слика -Во живо го следиме времето само за вас: Врнежи од север се движат кон Македонија

Поради спуштање на облачна воздушна маса од север попладнево како и во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има зголемување на облачноста која ќе предизвика локални врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен. понекаде и со умерен интензитет па можно е формирање на тенка снежна покривка на некои места.

Ќе дува засилен, на некои места силен ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 80 км/час.
Локални слаби врнежи од снег ќе има и утре кога ќе продолжи да дува засилен, на некои места СИЛЕН ветер од северенправец кој ќе достигнува брзина од над 8о км/час.

На следната радарска слика можете да ја погледнете состојбата со облачноста  и врнежите на Македонија и во кој правец се движат истите:

 

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Снежна бајка од речици 1 метар снег – место: Караман – Турција

Следните фотографии доаѓаат од градот Караман кој се наоѓа во југозападна Турција, токму во овиј град овие денови наврна рекордна количина на снег и тоа околу 85 цм.

Еве како изгледа градот поради обилните снежни врнежи:

Фото: Severe Weather Europe

 

Поради продорот на СТУДЕН ВОЗДУХ очекувајте засилен и СИЛЕН северен ветер

Под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна која сеуште се спушта од североисток и истата не е целосно спуштена кон нашата територијта денес (28.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Повеќе сонце ќе има во западните и во југоисточните предели во текот на денот.

Доцна попладне како и во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден облачноста ќе се зголемува и се очекуваат слаби локални врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина до околу 80 км/час.

Температурата ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Делови од Македонија под снег – погледнете каде е формирана снежна покривка

Во изминатите 24 часа врнежи од дожд и снег се забележани во Прилеп, Дебар, Тополчани, Крушево, Претор, Пожаране, Битола, Охрид, Маврово и Лазарополе. Снежна покривка е формирана во Крушево од осум сантиметри, Маврово 9 и Лазарополе 11 сантиметри информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што информираат од (УХМР) минималните температури утринава се движеа од -9 во Лазарополе, -7 Маврово, -6 Претор, -5 Крушево и Прилеп, -4 Битола и Охрид, -3 Дебар, -2 Тополчани, Крива Паланка, Ѓуриште, Берово и Пожаране, -1 Скопје Петровец, Тетово и Демир Капија, 0 Куманово, Штип, Виница и Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, 4 Дојран, до 6 степени во Гевгелија.