СТУДЕНИОТ ВОЗДУХ ПРИСТИГНУВА: Погледнете какво време ни носи денот (среда)

Поради спуштање на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од североисточна Европа утре (28.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровите со сончеви периоди кој повеќе ќе ги има во западните предели.

Локално се очекуваат и слаби врнежи од снег.

Ќе дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 0 степени, на планините до околу -10 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

По денешните снежни врнежи погледнете како изгледаат скијачките центри вечерва

Вистинска снежна идила владее вечерва на скијачките центри Попова Шапка и Маврово по денешните снежни врнежи кој ги предизвика спуштањето на студената воздушна маса од североисточна Европа.

Погледнете како изгледаат тие вечерва:

Фото: Skimacedonia.mk!

 

ФОТО – ПРЕКРАСНА СНЕЖНА БАЈКА: Горна Белица – Струшко (27.12.2016)

Денешниот влажен воздушен бран и студената воздушна мас акоја истовремено се спушта од север донесе вистинска снежна бајка на Јабланица – планина која се наоѓа кај Струшко.

Следните фотографии ни доаѓаат од селото Горна Белица:

САМО ЗА ВАС: Следење во живо на влажниот бран – погледнете каде се наоѓа тој моментално

Во моментов влажниот воздушен бран кој особено ги зафати западните предели моментално се наоѓа на југозапад и на југ од Македонија каде има врнежи од дожд додека на планините има врнежи од снег и веќе се формира снежна покривка.

Локално врнежи сеуште има и во западните и северозападните предели каде на повисоките места и на планините се од снег.

На следната радарска слика можете да погледнете каде точно се наоѓа влажниот бран над Македонија:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СНЕЖНАТА ИДИЛА ЗАПОЧНА: Погледнете каква е моменталната состојба во скијачките центри низ земјава

Тоа што го најавивме тоа и се исполнува, под влијание на влажен воздушен бран претежно во западните предели има повремени врнежи од дожд додека на планините има врнежи од снег каде започна да се формира снежна покривка.

Во моментов снежната граница се спушта се пониско па така и на повисоките места врнежите постепено ќе поминуваат во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец со што од североисток ќе започне спуштање на многу студена воздушна маса. Ветерот ќе биде најмногу изразен Долж Повардарието и во источните предели каде ќе достигнува брзина до околу 50 км/час.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден локално провејување на слаб снег ќе има и во пониските предели.

Од попладнево температурите ќе започнат брзо да опаѓаат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

На следните две фотографии можете да ја погледнете моменталната состојба на скијачките центри Попова Шапка и Маврово:

Фото: Skimacedonia.mk

 

Во живо го следиме влажниот бран: Погледнете каде се наоѓа тој во моментов

Облачната воздушна маса која е во склоп со веќе најавениот влажен воздушен бран полека се спушта од север кон нашата територија и истата започна да навлегува кај нас.

Во овој момент слаби врнежи од снег веќе има во северозападните планински предели.

Во текот на денов насекаде облачноста ќе се зголеми и претежно во северните и во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд на пониските и врнежи од снег на планините. До крајот на денов на планините ќе се формира снежна покривка (не многу голема).

Во текот на попладневните часови од североисток ќе започне спуштање на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса со што ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец особено Долж Повардарието и во источните предели кој ќе предизвика заладување и пад на температурите.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден услови за локално провејување на слаб снег ќе има и на пониските места.

Температурата денес ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени меѓутоа попладне и навечер ќе започне да опаѓа.

На следната радарска слика можете да погледнете каде моментално се наоѓа влажниот бран:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОПСКИ!