Само за вас НАЈРЕЦИЗНАТА прогноза: Погледнете какво време ќе имаме за новогодишната ноќ

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса со потекво од североисточна Европа за време на новогодишната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО со многу ниски температури на воздухот, ќе има и мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено Долж Повардарието и во источните предели.

За време на новогодишната ноќ температурите на воздухот во Македонија ќе се движи во интервал од -15 до -4 степени додека на високите планини можно е истите да се спуштат до околу -20 степени.

На првиот ден од новата година ќе продолжи стабилното, суво и студено време.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.

Временската прогноза ја пдогтови СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: ПОЛАРЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на влажен воздушен бран утре (27.12.2016) особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од дожд на ниските места додека на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Во текот на денот од североисток ќе започне да се спушта МНОГУ СТУДЕНА возушна маса со што ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика опаѓање на температурите па така доцна попладне и во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Температурата утре ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени меѓутоа од попладневните часови ќе започне да опаѓа.

Слаби локални врнежи од снег ќе има и во среда како и во четврток кога ќе дува и СИЛЕН ветер од северен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час а на повисоките места и на планините ќе достигнува дури и до 100 км/час.

Од среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со многу ниски температури на воздухот (ПОЛАРНИ).

Во среда максималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 5 степени додека во четврток и петок ќе биде уште постудено со максимални температури кои ќе се движат во интервал од -7 до 2 степени.

Што се однесува до минималните температури тие ќе имаат ДЛАБОК минус и на многу места ќе се спуштат под -10 степени а понекаде истите ќе се спуштат до околу па дури и под -15 степени.

На високите планини температурите се очекува да паднат под -20 степени.

Деталната анализа на времето ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Вакво време не чека до крајот на денешниот прв ден од новата седмица (понеделник)

Денес за разлика од изминатите денови ќе имаме потопол ден поради продорот на потопла воздушна маса од југ.

Поради тоа денес (26.12.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и зголемена облачност особено во северните и во источните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд на пониските места и провејувањ ена слаб снег на планините.

Во западните и во југоисточните предели ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој Долж Повардарието и во источните предели како и на повисоките места и на планините ќе се засилува.

Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени додека во крајните југоисточни предели температурата е можно да се искачи до околу 15 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Локално и слабо провејување на снег на североисток и исток – еве како помина изминатата ноќ

Како што и најавивме во вчерашните прогнози во текот на изминатата ноќ нешто повеќе облачност се задржа во североисточните и источните предели каде имаше локално провејување на слаб снег особено на повисоките места. Сето ова се спушти како бран од соседна Србија но како што и очекувавме не донесе ништо посебно.

Претпладнево времето во Македонија е умерено, на некои места значително облачно а нешто повеќе сончеви периоди има во западните како и во југоисточните предели.

На следната карта можете да ги погледнете измерените температуриво Македонија утринава во 07:00 часот:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!