УХМР: Сезонски осврт за зимата во Македонија

Од север се спуштаат врнежи – погледнете што не очекува во следните неколку часови

Како што и беше најавено во минатите наши прогнози во следните неколку часови поради спуштање на не многу влажна воздушна маса од север се очекуваат локални послаби врнежи претежно од снег и тоа особено во северните и североисточните предели.

На некои од пониските места не се исклучува можноста и за послаби врнежи од дожд или дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во овие вечерни часови ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

 

Погледнете што ќе ни донесе првиот ден од новата седмица (понеделник)

Територијата на Македонија и понатаму е под влијание на висок воздушен притисок.

Утре (26.12.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе се засилува. На некои места ќе има и сончеви периоди.

На повисоките места и на планините ветерот ќе биде со умерен до засилен интензитет и ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Во северните и во источните предели ќе има услови за слаб локален дожд на пониските места и провејување на слаб снег на планините.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 3 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

До крајот на денешниот неделен ден ова можеме да го очекуваме од времето

За разлика од изминатите денови денес ќе имаме малку поинаква временска состојба кај нас.

Денес (25.12.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели исто така и на повисоките места и на планините ќе биде со умерен до засилен интензитет и ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден на повисоките места и на планините ќе има услови за провејување на слаб снег додека на ниските места ќе има услови за слаб локален дожд или дожд и снег и тоа особено во северните предели.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Вака ја изминавме минатата ноќ и овие се температурите утрово измерени во 07:00 часот во Македонија

Во текот на изминатата ноќ времето во Македонија беше ведро и СТУДЕНО, сепак за разлика од изминатите денови имавме малку повисоки температури на воздухот и во крајниот југоисточен дел тие останаа во текот на целата ноќ над нула степени.

Утринава од северозапад се спушти облачна воздушна маса и времето е умерено, на некои места значително облачно но суво време.

Дува слаб ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели како и на повисоките места и на планините веќе се засилува.

На следната карта можете да ги погледнете температурите во Македонија кои се измерени во 07:00 часот утринава:

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!