Поради продор на потопла воздушна маса од југ во понеделник како и во вторник во текот на денот ќе имаме повисоки температури на воздухот.
Во понеделник ќе има услови и за слаб локален дожд и провејување на слаб снег на планините.
Максималните температури во понеделник ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени додека во вторник ќе бидат уште малку повисоки и ќе се движат во интервал од 7 до 14 степени.
Во вторник во текот на денот поради продор на студен воздух од север ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика заладување на времето и пад на температурите.
Ќе има и локални врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на повисоките места и на планините.
Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон среда услови за локално провејување на слаб снег ќе има и на пониските места.
На следните карти можете да ги погледнете температурите аномалии кај нас во деновите понеделник и вторник каде можете да поглегндете дека температурите ќе бидат значително натпросекот (за 5 до 8 степени повисоки од просечните).


Почитувани: Со оглед на тоа дека метеоролошките модели со секој нов излез се менуваат и времето е многу промеливо за секоја нова промена на метеоролошките модели навремено ќе бидете информирани.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!