ДЕТАЛНО ГО АНАЛИЗИРАВМЕ ВРЕМЕТО: Временска прогноза до нова година

За време на викендот кој ни претстои територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок.

Поради тоа утре (24.12.2016) сабота времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -2 степени додека на повисоките места и онаму каде што се мерат најниските температури истите можно е да имаат и пониски вредности.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Во недела (25.12.2016) за разлика од утрешниот саботен ден ќе имаме повеќе облачност над Македонското небо но и покрај облачноста ќе остане релативно суво.

Услови за сосема слабо провејување на снег ќе има во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тоа на повисоките места и на планините додека на ниските места ќе има услови за слаб локален дожд..

Во недела ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели ќе се засилува по интензитет.

На повисоките места и на планините северниот ветер ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2 додека на некои места особено оние каде што и вообичаено е најстудено температурите е можно да имаат и пониски вредности.

Максималната температура во недела ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Првиот ден од новата работна седмица понеделник (26.12.2016) сеуште на некои места во претпладневните часови ќе донесе услови за сосема слабо проврнување на дожд додека на планините провејување на сосема слаб снег.

Во текот на попладнето и вечерта насекаде ќе има намалување на облачноста.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и тоа најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието и во источните предели.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.

Во вторник (27.12.2016) под влијание на студена воздушна маса која ќе се спушта од север ќе има зголемување на облачноста и умерен до засилен северен ветер.

Се очекуваат и локални слаби врнежи од дожд и од снег.

Максималната температура во вторник ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени но поради продорот на студениот воздух од север попладне и навечер ќе бележи тенденција на опаѓање.

Во среда и во четврток ќе има услови за локални слаби врнежи од снег кога ќе дува ЗАСИЛЕН, на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Повторно ќе биде многу студено особено од четврток кога минималните температури насекаде ќе бидат негативни додека максималните на повеќе места ќе се задржат околу нула степени а понекаде ќе останат и максималните температури негативни.

ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Гледано одсега за време на новогодишната ноќ под влијание на висок воздушен притисок времето во Македонија ќе биде ведро и многу студено со температури кои насекаде ќе бидат негативни и ќе се движат во интервал од -8 до -2 степени додека на некои места температурите е можно да паднат до околу или под -10 степени. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

ПОЧИТУВАНИ: Оваа детална прогноза за следниот период можна е да има и некои измени затоа што се работи за малку подолг временски период па поради тоа и понатаму следете ги нашите секојдневни прогнози кои ги даваме од наша страна па со тоа ќе бидете навремено информирани за секоја промена на метеоролошките модели.

ДЕТАЛНАТА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЈА ПОДГОТВИ СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

 

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Најпрецизната прогноза само за вас

За време на викендот кој ни претстои територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок.

Поради тоа утре (24.12.2016) сабота времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -2 степени додека на повисоките места и онаму каде што се мерат најниските температури истите можно е да имаат и пониски вредности.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Во недела (25.12.2016) за разлика од утрешниот саботен ден ќе имаме повеќе облачност над Македонското небо но и покрај облачноста ќе остане релативно суво.

Услови за сосема слабо провејување на снег ќе има во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тоа на повисоките места и на планините.

Во недела ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели ќе се засилува по интензитет.

На повисоките места и на планините северниот ветер ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2 додека на некои места особено оние каде што и вообичаено е најстудено температурите е можно да имаат и пониски вредности.

Максималната температура во недела ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

До крајот на овој денешен ден (петок) ова можеме да го очекуваме од времето

До крајот на денешниот ден (петок) под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет.

На повисоките места и на планините овој северен ветер ќе биде со умерен до засилен интензитет и ќе достигнува брзина до околу 40 км/час.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!